ХК Карлскруна

(Пренасочено од ХК Карлскрона)

ХК „Карлскруна“ е хокеарски клуб од градот Карлскруна, Шведска, кој моментално се натпреварува во првата хокеарска шведска лига. Домашните натпревари ги игра во арената „Карлскруна арена“ со капацитет од 5.050 гледачи. Боите на клубот се портокалова, црна и бела.[1]

Историја уреди

Хокеарските клуб на Карлскруна е формиран во 2001 година врз темелите на екипата на Карлскруна ИК кој истата година банкротирала.

Клубот својата професионална активност ја започнал во сезоната 2008/09 година кога успеал да се квалификува за влез за настап во третата лига.

Во сезоната 2012/13 година тимот успеал да влезе во втората шведска лига, а сезоната 2014/15 Карлскруна за прв пат влегува во најелитното хокеарско натпреварување во Шведска.

Најдобриот резултат го има во сезоната 2016/17 кога тимот го освојува 11то место.

Наводи уреди

  1. „Karlskrona HK team page“. eliteprospects.com. 2016-05-06. Посетено на 2016-05-06.

Надворешни врски уреди