Хокеjарскиот клуб на Бринес претставува професионален клуб во хокеј на мраз. Потекнува од градот Јевле. Моментално настапува во првата хокеарска лига на државата Шведска. Со своите вкупно 13 титули Бринес е на второто место по квалитет во Шведска веднаш по Ѓургарден кој има 16 шампионски прстени. Домашните натпревари ХК „Бринес" ги игра во арената „Гевлеринкен арена“ со капацитет од 8.585 гледачи за седење.

Историја: уреди

ХК Бринес е формиран во далечната 1912 година како спортско друштво.[1] Хокеарската секција од тимот се одделува во 1938 година. Овој хокеарски тим претставува еден од најуспешните во Шведска. Во првата Шведска лига настапува уште од 1960 година.

Последната шампионска титула Бринес ја има освоено во сезоната 2011/12 по победата над екипата на Шелефт во финалето и на Фрелунда во полуфиналето.

Првите луѓе на клубот на 20 ноември 2013 година потпишале договор за соработка со Уницеф. Така Бринес бил првиот хокеарски тим кој потпишал договор за соработка со Организацијата на Обединетите Нации во делот на соработката и згрижувањето на децата.

Клубот во јуни 2014 година клубот потпишал договор со Општината Јевле за соработка. Со овој договор општината имала обврска да ја одржува арената во добра состојба. Овој договор бил потпишан за рок од 5 години.

Клупски успеси: уреди

  •  Национален првак вкупно 13 пати и тоа: прв пат во 1964 и последен пат во 2012 година.
  •  Финалист вкупно еден пат и тоа во сезоната 1994/95.

Наводи уреди

  1. Martin Alsiö (April 2004). „De allsvenska klubbarnas födelsedagar“ (PDF) (шведски). Bolletinen. Посетено на 10 October 2011.

Надворешни врски уреди