Френк Вилкоксон
Френк Вилкоксон(1892-1965) е роден по брзиот брак на богати американски родители, кои за таа прилика го изнајмиле Гленгариф замокот во близина на Корк Ирска. Тој пораснал во семејниот дом во Катскил,Њујорк, чија убавина оставила долготраен впечаток врз него. Имал тешко детство.[1] Патувањето во Бостон , кое го направил за да ги подобри споменатите вештини за шумарство во официјално училиште, го загубило својот жар откако дознал дека училиштето го затвориле. Кога конечно се вратил дома,бил испратен на Воениот колеџ во Пенсилванија во 1917 година,уште една животна средина која не му одговарала. Неговата сестра близначка починала при пораѓај во 1918 година.
По една работа за време на Втората светска војна во “ Атлас – Компанија за прашоци “ во Мичиген , Вилкоксон се запишал на универзитетот Рутгерс во 1920 година, и завршил магистарски студии по хемија во 1921 година, потоа се префрил на Корнел и физичка хемија, адокторирал во 1924 година. Тој тогаш имал 32 години што е навистина доцна за почеток на изучување на овие науки. Неговата прва работа по дипломирањето била како дел од пост-докторските стипендии на Бојс Томпсон Институтот за проучување на растителниот свет,во Јонкерс каде што тој бил назначен да ја испита употребата на соединенијата на бакар како фунгициди. На Институтот , Вилкоксон,Џек Јуден и билогот Ф.Е Дени ја предовделе групата во проучувањето на ново издадените статистички методи за истражување на Фишер(1925) . И Вилкоксон и Јуден имале влијателни кариери во областа на статистика.
[2][3] Тој следната година(1943) работел како водач на групата во лабораторијата за инсектициди и фунгициди во Американски Цинамид каде придонел за развојот на карбофс.
Неговите статистички интереси продолжија да растат. Неговата одлучна транзиција од хемија на статистика се случи во средината на 1945 година. Не е изненадувачки што во неговиот прв текст, објавен таа година, се зборува за доволна доза на ефекти во патологијата на растенијата. Вториот текст, којшто е исто објавен во 1945 година, не само што зборува за неговото второ мислење; тоа беше еден вид бомба која што отвори ново и постојано подрачје. Содржината беше за рангирано сумираните и потпишани тестови кои се сè уште именувани по него, и кои се измеѓу камен-темелниците во градба надвор од параметрите на статистичките податоци. Оригиналната идеја за овие тестови, коишто најпрвин ги употребил Спирмен во 1906 година (но не биле следени), била за да се заменат бодови во примерокот на податоци по нивните соодветни редови. Вилкоксоновитедватеста Вилкоксоновите два тестаправат повеќе од тоа што Госетовиот тест би направил, но без потребата да се претпостави нормална распределба врз популацијата на која се студира. (Како што Госетовиот тест правилно бара; барање кое што во праксата често е злоупотребувано). Честопати е истакнато дека Вилкоксон не ја увидел важноста на текстовите од 1945 кои ги направил. Нека се забележи дека многу повеќе релевантно обучениот Данциг, исто така не ја увидел големата моќ на симплекс (едноставниот) метод на програмирањето, којшто го измислил две години подоцна, во 1947. Во двата случаи, развојот се случуваше брзо. Вилкоксон го следеше својот текст од 1945 со стратешка верзија од своите редови, објавен во 1946 во математичко списание. Двата резултати беа собрани во неговата брошура од 1947 “ Некои брзи и приближно статистички процедури” , која што подоцна беше неколкупати проширена и препечатена. Во признавањето на оваа работа, Вилкоксон во 1950 година бил префрлен во компанијата “Lederle Laboratories”, каде што тој основал статистички консултантска група. Тој се повлекол во 1957 година, на стандардна 65 годишна возраст, на скратено работно време консултирајќи назад во институтот Boyce Thompson.
[4] Во 1960 година, после неговото повлекување од индустријата, тој бил убеден од Ралф Бредли повторно да се приклучи во академијата, прифаќајќи половина работно време за Истакнати Предавања во новиот Оддел за Статистики во Флорида во Таласи, којшто само што бил основан од Ралф Бредли.
Вилкоксон бил велосипедист кој се префрлил на мотоцикл за дел од своето време во Флорида . Тој беше строг учител. Имајќи ги во превид неговите тешки периоди кога една грешка може да ти уништи се тој работеше, инсистираше дека одговорот не само што треба да биде теоретски во право туку треба да биде и точен . Тој беше третиран со почит и љубов од страна на студените и колегите. Тој ги прошири неговите рани откритија на непарамтераски секвенцијален пласман. Академски интерес за овие случувања беше прикажан на заедничкиот состанок на Институтот за Математичка статистика и Источна Северна Америка регион на биометриски општество, во Chapel Hill Соединетите Американски Држави во април 1962 година. Френк објавил преку 70 трудови, но тој ќе биде запаметен по својот труд од 1945 година во кој изложил два нови непараметарски тестови кои и денес го носат неговото име: Вилкоксоновиот тест на рангот со знаци и Вилкоксоновиот тест на збир на рангови. Овие тестови се алтернатива на параметарскиот Студентов t-тест.
Наводи
уреди- ↑ Некаде околу 1908 година тој избегал на море а по една недела безделничење ја напуштил и таа работа откако бродот вооптшо не запловил, и се криел со години од замислени последици од ова дезертерство, во внатрешноста на Западна Вирџинија, прво како работникот на нафтен извор а подоцна како дрвосечач.
- ↑ По завршувањето на стипендијата, кус период (1928-1929) работел за фирмата која го спонзорирала неговото изучување- Николас Копер и потоа се вратил на институтот.
- ↑ За време на Втората светска војна тој земал две годишно отсуство за да управува со контролната лабораторија на Равена- Ординација за растенија, под раководство на неговиот стар работодавач Атлас Прашоци, неговата контролна група воспоставила рекорд на немање ниту една несреќа, нешто на кое тој останал горд целиот свој живот.
- ↑ Вилкоксон предавал физичка хемија на скратено работно време во Бруклин Политехникс од 1929 до 1941 година, кога воените работи ставија крај на двојната кариера.