Фрагментација на диск
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Фрагментација е компјутерски феномен при кој запишувањето на податотеките на диск, оперативниот систем не наоѓа секогаш доволно голем празен простор за да ги запише како една целина, туку ги запишува на повеќе празни места. Тоа се вика делење - фрагментација (англиски: fragmenting) на дискот/датотеките.
Ваквото делење ја успорува работата со дискот, бидејќи при читањето на фрагментирана податотека треба истата да се бара на повеќе места. Ова може да се реши со повеќе постоечки програми кои фрагментираните податотеки ги реаранжираат во континуални целини.
На пример, во Windows доколку сакаме да провериме дали и колку е дискот фрагментиран и доколку сакаме истиот да го дефрагментираме, тоа можеме да го направиме со вградената бесплатна програма за дефрагментирање на дискот (Disk Defragmenter). Start>Programs>Accessories>System Tools>Disk Defragmenter.