Форфетинг (англиски: Forfaiting) е деловен аранжман помеѓу претпријатието кое продава на клиентите побарувања и форфетерот (банката) која купува побарувања. Ова е особено привлечна за извозниците и бизниси ангажирани во активности во странство.

Особености

уреди

Форфетинг е флексибилна дисконтна техника која може да се прилагодени на потребите на широк спектар на клиенти и домашни и меѓународни трансакции. Нејзините клучни одлики се:

  • 100 % финансирање без прибегнување кон продавачот на долгот.
  • Обврската за плаќање е често, но не секогаш поддржан од страна на банкарска гаранција.
  • Долгот е обично потврдено законско и преносливи обврска за плаќање како што меница, меница, акредитив или забелешка купопродажен договор.
  • Трансакција вредности може да варираат од 100.000 американски долари до 200 милиони долари.
  • Должнички инструменти обично се деноминирани во една од главните валути во светот, со евро и американски долари се најчестите.
  • Финансиите можат да се организира на фиксен или варијабилна каматна стапка.

[1]

Историја

уреди

Причините за појавата на форфетингот се наоѓаат во промените на светската економска структура, што се случуваа кон крајот на 50-те и почетокот на 60-те години од овој век, кога пазарот на продавачите на капитални добра постепено преоѓаше во пазар на купувачи. Дојде до значително зголемување на обемот на меѓународната трговија, што беше проследено со растечка тенденција увозниците да бараат продолжување на рокот на кредитите преку традиционалните 90 и 180 дена. Покрај тоа, во тоа време се укинаа, намалуваа трговските бариери поставени за време на Втората светска војна и во времето на студената војна.

Функција

уреди

Како деловна и банкарска активност се јавува во извозните аранжмани на една компанија. Компанијата која извезла стока и ги има сите документи со кои се гарантира од страна на купувачот на таа стока дека ќе биде платена стоката од негова страна во одредениот период,може да ги продаде тие побарувања на банка или на некоја специјализирана финансиска институција, и на тој начин да го претвори побарувањето во готови парични средства.Се разбира банката не ја исплаќа целокупната сума на побарувањето, туку намалена за некој процент.Банката, која во овој случај се јавува во улога на форфетер, од моментот на откупот на побарувањето од извозникот, постанува нов доверител спрема купувачот на стока, и на неа се префрла ризикот од евентуални проблеми во наплатата на побарувањето.Доколку се појават тешкотии во наплатата, таа не може да се откаже и да си ги врати парите што му ги дала на извозникот.Од тие причини банката пред да се одлучи да го форфетира побарувањето на извозникот, внимателно треба да ја проанализира способноста на купувачот за отплатата на кредитот, односно неговата способност да ја плати купената стока, во овој временски рок во кој е договорено и во целост.Бидејќи се работи за купувач кој се наоѓа во друга земја, и по правило, не е познат ни на банката, тој најчесто бара, покрај останатите документи, и гаранција од првокласна банка, како додатно обезбедување дека купувачот ќе ја плати стоката.Форфетинг работите, најпогоден облик за плаќање, кога се работи за поголеми суми, кој се отплатуваат на подолг рок и најчесто на рати. Во такви случаи, таа извозна работа уште при договарањето меѓу продавачот и купувачот, се уредува да се палти преку форфетирање и сите трошоци околу форфетингот влегуваат во цената и нив практично ги плаќа купувачот.[2]

Која е главната корист за продавачот од форфетингот?

уреди

Главна корист за продавачот е што едно побарување што доспева после неколку месеци или година дена, го наплатува денес и на тој начин ја зголемува ликвидноста, ја намалува потребата од обртни средства и ја зголемува можноста за поголемо производство и реализација.Во изострената конкуренција на меѓународниот пазар, компании кои извезуваат стоки и потоа лесно можат да ги форфетираат на банките побарувањата за извезените стоки, се поконкурентни, во споредба со оние компании кои своите побарувања не се во можност да ги форфетираат.Оваа банкарска работа е многу раширена во развиените пазарни економии.Во тие земји постои и секундарен пазар на хартии од вредност, каде што банките –форфетери,ги препродаваат откупените меници. Најпознат секундарен пазар за форфетинг е во Лондон.[3]

Наводи

уреди
  1. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2013-10-17. Посетено на 2013-12-09.
  2. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание) Скопје, 2009, стр. 414.
  3. Љупчо Трпески, Банкарство и банкарско работење (прво издание) Скопје, 2009, стр. 415.