Фондација „Крсте Петков Мисирков“ (Грција)
Фондацијата „Крсте Петков Мисирков“ е фондација основана во Воден, Егејска Македонија, Грција од страна на македонската политичка партија „Виножито“ на 18 ноември 2009 година. Оваа фондација е основана од локалниот огранок на партијата во Воден и е основана на денот на одбележувањето на 135 години од раѓањето на македонскиот преродбеник Крсте Петков Мисирков[1][2].
Цели на фондацијата
уредиФондацијата има за цел поттикнување на свесноста на Македонците во Грција преку организирање дискусии, фондацијата има за цел и отворање музеј и образовен центар во чест на името на Мисирков во регионите на централна и западна Македонија, поддржување асоцијации во Грција кои ја развиваат македонската култура, како и поддржување на напорите за одржување и развој на македонскиот јазик во Република Грција[3][4].