Фолксваген ап! (англиски: Volkswagen up!) – мал градски автомобил што го произведува германската фабрика за автомобили Фолксваген. Се произведува од 2011 до денес.

Фолксваген ап!
Volkswagen up!
ПроизведувачФолксваген
Производство2011–до денес
СклопувањеСловачка, Бразил
ПретходникФолксваген лупо
КласаМал градски автомобил
Вид каросерија3 и 5 врати хечбек
Распоредмотор напред, погон напред
ПлатформаNew Small Family (Ново мало семејство)[1]
Мотор1,0 L трицилиндричен бензински
1,0 L трицилиндричен на гас
Пренос5-степенски мануелен
5-степенски автоматски
Меѓуоскино раст.2420 mm
Должина3540 mm
Ширина1641 mm
Висина1489 mm
Нетоварена тежина929 кг
СродниШкода ситиго
Сеат ми

Историјат

уреди

Фолксваген ап! е мал градски автомобил, дел од фолксвагеновата серија модели под назив New Small Family, кој бил претставен на саемот за автомобили во Франкфурт. Производството почнало во октомври 2011 година во Братислава, каде се произведуваат и Шкода ситиго и Сеат ми, верзии на истиот автомобил. Каросериски тој е мал автомобил со три или пет врати во хечбек варијанта.

Ап е практично идентичен со Шкода ситиго, освен што се разликува предната маска и некои детали. Од друга страна, сеат има нешто повеќе разлики.[2] Иако е мал автомобил, нуди максимална искористеност на просторот и четири седишта за патници. Верзијата со пет врати на пазарот се појавила во 2012 година. На пасполагање се три верзии, take up! основна, move up! комфорна и high up! верзија со најбогата опрема. Дизајнот на овој градски автомобил е футурустички и не потсетува на останатите фолксвагенови модели. Шкода ситиго со должина од 3,56 метри е еден од најмалите возила во својот сегмент. Зафатнината на багажникот е 251 литар, а да се прошири на 951 литар со спуштање на задните седишта.

На креш тестовите Euro NCAP во 2011 година, ситиго ги добил максималните пет ѕвездички.[3]

Мотори

уреди

Во понудата се два бензински и еден мотор на плин.

Модел Зафатнина Цилиндри/
вентили
kW/КС Менувачи
1,0 MPI 999 cm³ 3/12 44 kW / 60 КС 5-степен мануелен/автоматски
1,0 MPI 999 cm³ 3/12 55 kW / 75 КС 5-степен мануелен/автоматски
1,0 CNG 999 cm³ 3/12 50 kW / 68 КС 5-степен мануелен

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Intel Report: MQB Architecture at Audi and the Volkswagen Group“. Fourtitude.com. Fourtitude.com. 17 February 2012. Архивирано од изворникот на 2019-10-09. Посетено на 2019-10-19.
  2. „Шкода ситиго“ (српски). b92.net/automobili.
  3. „Euro NCAP креш тест“ (англиски). euroncap.com. Посетено на 8 февруари 2014.

Надворешни врски

уреди
 
 
   Ризницата има содржини поврзани со: