Фулгефона
(Пренасочено од Фолгефона)
Фулгефона норвешки: Folgefonna е збирен поим за три висорамнински ледници во Хардангер во округот Хордалан, Норвешка:
- Северна Фулгефона (26 км2)
- Средна Фулгефона (11 км2)
- Јужна Фулгефона (167 км2), трет по големина во копнена Норвешка.
Фулгефона | |
---|---|
Тип | висорамнински ледници |
Место | Квинхерад, Ода и Етне, Хордалан (Норвешка) |
Координати | 60°00′N 6°20′E / 60.000° СГШ; 6.333° ИГД |
Површина | 207 км2 |
Должина | 36 км |
Дебелина | макс. 375 м |
Ледничката група во 2006 зафаќала вкупна површина од 207 км2. Во мај 2005 е основан Националниот парк Фулгефона, со што ледниците и околното подрачје добиле државна заштита.[1]
Во северниот дел на ледникот има летен скијачки центар. Најголемите ракави на Фулгефона се Бломстелскард, Бондхус и Буар. Од 1960 до денес, промените во Блостелскард (јужниот крај на Фулгефона) се незначајни. Меѓутоа, посеверните ракави Бондхус и Буер растеле кон крајот на 1990-тите, за да почнат да се повлекуваат во 2000 г.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Folgefonna og Fjordbygdene. 2008. (Бергенски универзитет) во Nord4, стр. 591
Надворешни врски
уреди„Фулгефона“ на Ризницата ? |
- За Фулгефона Архивирано на 31 октомври 2007 г. - Водостопанска управа на Норвешка