Фишеров индекс
Фишеровиот индекс е групен индекс . Овој индекс бил претставен од професорот Ирвинг Фишер пред Американската статистичка асоцијација во 1920 година. Тој претставува геометриска средина на два групни индекси: едниот со пондерациони фактори од базичниот и другиот со пондерациони фактори од тековниот период.[1] Со други зборови, тој претставува комбинација на Ласперовиот индекс (кој ги користи цените од базниот период) и Пашеовиот индекс (кој ги користи цените од тековниот период).[2]. Овој индекс уште се нарекува идеален индекс, бидејќи во најголема мерка ги задоволува теоретските и математичките тестови, но неговото пресметување е мошне комплицирано и поради тоа во практиката не се применува често.[3]
Формулата за пресметување на индексот на цени
уредиФишеровата формула се користи кога цените и количините во два периода разликуваат меѓу себе. Таа е составена од симболите P (цена) и Q (количина), па според тоа Po и Qo претставуваат цената и количината во базниот период, а P1 и Q1 претставуваат цената и количината во тековниот период.[2]
Пример
уредиВо табелата се дадени производите леб, млеко и путер, нивните цени и продадените количини во 2010 и 2012 година. Користејќи ја 2010 како базна година,а 2012 како тековна да се пресмета Фишеровиот индекс.
Производ | цена-Po (2010) | количина-Qо (2010) | цена-P1 (2012) | количина-Q1 (2012) | QoPo | QoP1 | Q1Po | Q1P1 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Леб | 25 | 140 | 30 | 142 | 3500 | 4200 | 3550 | 4260 |
Млеко | 40 | 128 | 50 | 119 | 5120 | 6400 | 4760 | 5950 |
Путер | 95 | 34 | 100 | 32 | 3230 | 3400 | 3040 | 3200 |
Вкупно | 11850 | 14000 | 11350 | 13410 |