Филип Гидли Кинг
Капетан Филип Гидли Кинг (23 април 1758 - 3 септември 1808 година) бил третиот гувернер на Нов Јужен Велс .
По пристигнувањето на Првата флота во Австралија (јануари 1788 година), Кинг требало да го колонизира островот Норфолк. Како гувернер на Нов Јужен Велс, помогнал во развојот на сточарството, ловењето китови и рударството, изградил многу училишта и го публикувал првиот весник на колонијата. Но, по конфликтите со војската бил принуден да поднесе оставка.
Младост и основањето на населба на Островот Норфолк
уредиФилип Гидли Кинг е роден во Лонсстон (Англија) на 23 април 1758 година.[1] На 12-годишна возраст се приклучил на Кралската морнарица како капетански слуга, а во 1778 година бил назначен за поручник. Кинг му служел на Артур Филип кој го назначил за втор поручник на ХМС Сириус во експедицијата за основање на населба за осуденици во Нов Јужен Велс. По пристигнувањето, во јануари 1788 година, Кинг требало да води мала група на осуденици и чувари за да основаат населба на Островот Норфолк, и затоа со бродот Сириус го напуштил Сиднеј на 14 февруари 1788 година. [2]
На 6 март 1788 година, Кинг со својата група пристигнале на островот и почнале да градат колиби, да ја расчистуваат земјата, да садат растенија, но и да се спротивставуваат на солениот воздух и ураганите. Подоцна биле испратени уште осуденици кои се покажале како проблематични. На почетокот од 1789 година Филип Кинг спречил бунт кога некои од осудениците планирале да го заробат заедно со другите полицајци и да побегнат со следниот брод што ќе пристигне. Како командант на Островот Норфолк, Кинг стапил во врска со осуденичката Ен Инет, а нивниот прв син, роден на 8 јануари 1789 година, го крстиле Норфолк. (Подоцна Норфолк станаа првиот офицер во Кралската морнарица роден во Австралија) Другиот син кој им се родил во 1790 година го крстиле Сиднеј.[3]
По бродоломот на Сириус во близина на Островот Норфолк во март 1790 година, Кинг го напуштил островот и се вратил во Англија за да рапортира за тешкотиите со кои се соочуваат населбите во Нов Јужен Велс. Ен Инет и двата сина ги оставил во Сиднеј; во 1792 година таа се премажила. Кинг, кој најверојатно го договорил бракот, исто така договорил нивните два сина да се школуваат во Англија, каде што станале офицери во морнарицата. Додека бил во Англија (на 11 март 1791 година), Кинг се оженил со Ана Џозефа Кумбе (негова прва братучетка) и набргу се вратил во Австралија за да ја преземе функцијата Поручник-гувернер на Норфолк|Островот Норфолк, со годишна плата од 250 фунти. Првиот законски потомок на Кинг, Филип Паркер Кинг, се родил таму во декември 1791 година, по што му се родиле уште четири ќерки.
Кога се вратил на Островот Норфолк, Кинг открил дека населението е многу незадоволно од строгиот режим на мајорот Роберт Рос. Но, тој со ентузијазам се зафатил да ги подобри условите. Го охрабрувал населението кое било мешавина од поранешни осуденици и поранешни маринци и ги слушал нивните ставови за платите и цените. Веќе во 1794 година на островот се призведувало доволно жито при што не бил потребен увоз, а вишокот свињи бил испратен во Сиднеј. Доселениците веќе не сакале да го напуштат островот. Во февруари 1794 година, Кинг бил неосновано обвинет од членовите на Корпусот на Нов Јужен Велс дека престрого ги казнувал, а и дека кон поранешните осуденици бил преблаг. Бидејќи премногу се бунтувале, тој дваесетмина од нив ги пратил во Сиднеј на судење пред воен суд. Таму поручник-гувернерот Френсис Гроз ги осудил постапките на Кинг и издал наредби со кои на војската ѝ се дава незаконска власт над цивилното население. Гроус подоцна се извинил, но Кинг бил загрижен за конфликтот со војската.
Гувернер на Нов Јужен Велс
уредиВо октомври 1796 година Кинг се вратил во Англија затоа што страдал од гихт, и откако се опоравил се вратил на својата поморска кариера. Филип Кинг требало да го замени капетанот Џон Хантер како трет гувернер на Нов Јужен Велс. Станал гувернер на 28 септември 1800 година. Потоа, започнал да го менува административниот систем и го назначил мајорот Џозеф Фове за поручник-гувернер на Островот Норфолк. Негова прва задача била да се спротивстави на недоличното однесување на офицерите од Корпусот на Нов Јужен Велс затоа што биле вмешани во недозволено тргување со алкохол, претежно рум. Тој се обидел да го обесхрабри увозот на алкохол и почнал да гради пивара. Тој продолжил да се соочува со воената непослушност од Корпусот на Нов Јужен Велс, а не добил поддршка од Англија кога го испратил обвинетиот офицер Џон Макартур за да се соочи со воен суд.
Поврзано
уредиВладини функции | ||
---|---|---|
Претходник Џон Хантер |
Гувернер на Нов Јужен Велс 1800–1806 |
Наследник Вилијам Блајт |
Наводи
уреди- ↑ Phillip 1970, p. 50
- ↑ „Old Families of New South Wales“. The Sunday Times. Sydney, NSW: National Library of Australia. 9 December 1923. стр. 13. Посетено на 2 November 2013.
- ↑ Gillen, Mollie (1989). The Founders of Australia: a biographical dictionary of the First Fleet. Sydney: Library of Australian History. стр. 608. ISBN 0-908120-69-9.