Фестивал Љубљана
Фестивал Љубљана ― фестивал и културно организациско тело (завод) основано во 2004 година од градот Љубљана.[1] Се занимава со организација на културни настани во градот, вклучувајќи го и истоимениот летен фестивал, кој е одржуван од 1953 година
Член е на Европското здружение на фестивали (ЕЗФ/ЕФА) и на Меѓународното здружение за визуелни уметности (МЗВУ/ИСПА).[2]
Раководство
уредиНегов директор и уметнички директор е Дарко Брлек, кој како уметнички директор го води фестивалот од 1993 година, а во 1995 година, а оваа положба ја дополнил и со директорска функција (петгодишен мандат 22.12.2019 – 21.12.2024 година). Органи на установата се Совет: (претседател Јадранка Дакиќ, потпретседател Антон Цоларич, Францка Тробец, Изток Кордиш и Шпела Дракслер - сите со четиригодишен мандат: 23.03.2017 – 22.03.2021 година) и Стручен совет: (претседател Томо Вран, потпретседател Андреј Божич и Весна Овчак - сите со четиригодишен мандат: 19.07.2017 – 18.07.2021 година).[2][3]
Шпела Дракслер била избрана од вработените на ФЉ. Том Врана е именуван од Комората за култура на Словенија, Андреј Драпала е именуван од Стопанската комора на Словенија, а Весна Овчак од редот на вработените во ФЉ.[4]
Финансирање
уредиВо 2019 година буџетот на фестивалот бил 3,2 милиони евра.[5] Помеѓу 2016 и 2020 година приходите од грантови и субвенции биле околу 2 или 3 милиони евра, а приходите од услуги околу милион евра.[4]
Главен извор на јавни средства е Општина Љубљана.[4] Најголем спонзор меѓу јавните претпријатија во Љубљана е Водовод-канализација.[6]
Цена на билетите
уредиБилетите за летниот фестивал се сметаат за скапи. Директорот Драго Брлек рекол дека се уште имаат гости кои трошат стотици или илјадници евра за билети.[7]
Настани и активности
уредиФестивал Љубљана
Фестивалот бил основан од Туристичкото друштво Љубљана. Прв пат бил одржан на 4 јули 1953 година. Во ноември 1954 година било основано финансиски независното тело (завод) - Фестивал Љубљана. Во 1962 година бил создаден фестивалскиот огранок. Фран Ватовец бил првиот претседател на фестивалската комисија од 1955 година. Прв директор на заводот бил Радован Гобец од 1956 година
Денови на словенечката музика
Фестивалот Љубљана ја презел организацијата на словенечките музички денови во 1986 година на иницијатива на композиторот Милан Стибиљ и музикологот Примож Курет.[3]
Циклус млади виртуози
Воведен по доаѓањето на Брлек во 1993 година.[3]
Зимски фестивал
Се одржува од 2017 година во зимските месеци.[4]
Божиќен концертен циклус
Настапи на ученици од музичките училишта.[8]
Магистерски часови
За странски и домашни студенти со почеток во 2019 година. Уметнички директор е тромбонистот Бранимир Слокар.[9]
Награди
уреди- Градоначалничка награда - 1985 година
- Медал на честа за слободата - 2002 година[3]
Наводи
уреди- ↑ „3245. Odlok o ustanovitvi javnega zavoda Festival Ljubljana, stran 8888“. 17 мај 2004. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „O nas“ (словенечки). Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 CERJAK, Sanja, 2016, Primerjava : Ljubljanski poletni festival in Rock Otočec [na spletu]. Univerza v Ljubljani, Fakulteta za družbene vede . [Пристапено на 15 октомври 2022].
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 Strateški načrt javnega zavoda Festival Ljubljana za obdobje 2021-2025. Љубљана, јануари 2021. ljubljana.si. Пристапено на 15 октомври 2022
- ↑ „Darko Brlek: Izzivov ni treba skrivati, treba jih je deliti“ (словенечки). 15 јуни 2019. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ „Bi uganili, komu ljubljanski direktorji namenijo največ sponzorskega denarja?“. 1 февруари 2017. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ „Povprečno neto plačo za vstopnice“. 19 јули 2017. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ Zlobec, Marijan (2021-10-12). „Festival Ljubljana napoveduje 29. Mlade virtuoze, Božične koncerte in Zimski festival“. Архивирано од изворникот на 10 декември 2021. Посетено на 15 октомври 2022.
- ↑ „Mojstrski tečaji Festivala Ljubljana 2022“ (словенечки). Посетено на 15 октомври 2022.
Надворешни врски
уреди- Службена мрежна страница
- Профил на страницата на Европското здружение на фестивали