Фаќач на соништа е традиционален дел од културата на Индијанците во Северна и Јужна Америка, фаќач на соништата е рачно направен предмет чија основа е обрач од врба, на која е вткаена лабава мрежа. Фаќачот на соништата дополнително е украсен со бисери или пердуви.

Фаќач на соништа од пердуви

Потекло

уреди

Фаќач на соништа настанал во индијанските племиња а подоцна се префрлил и кај другите преку бракови и трговија со другите народи. Некои сметаат дека фаќачот на соништа е симбол на единство и заедништво помеѓу различни племиња, и дека е општиот симбол на идентификација на Индијанаците и културата на домородните народи на Американските континенти. Меѓутоа, денес меѓу Американците се тврди дека фаќачот на соништа е претерано комерцијализиран и дека се злоупотребува од страна на не-домородаци.

Традиционално, Ојибва, (Индијанско племе) го прават фаќачот на соништа со врзување на жили од кадрици коса во мрежата околу малиот круг, рамка од врба. Добиениот фаќач на соништа, се чува над креветот, се исползува како магиски елемент апотропен за заштита на луѓето, најчесто на децата, од кошмари. Познато е и дека фаќачи на соништа ги праваат само мажите, инаку тие ја губат својата намена и значај. Ојибва верубаат дека фаќач на соништа ги менува соништата на некои луѓе. Според Конрад Ј. Кавецзински, "Само на добри соништа ќе им биде дозволено да се филтрираат... Лоши соништа остануваат фатени, ги снемува од светлоста на денот". Убавите соништа ќе поминат низ мрежата и ќе се симнат преку перјата на оној што спие.