Фак ју Гете
Фак ју Гете, Fack ju Göhte (намерно погрешно напишано од Fuck you, Goethe) е комедија на Бора Дагтекин. Во Германија, таа имаше најголем број на кино посетители во филмската 2013 година со околу 5,6 милиони посетители и над 7 милиони посетители до јули 2014 година.
Главните улоги ги играат Елијас М'Барек и Каролине Херфурт, споредните улоги ги играат младите глумци Макс фон дер Гробен и Хела Хазе. Факј ју Гете е продуциран од страна на филмската продукција Рат Пак заедно со Константин Филм.
На филмот му следеле уште два дела. Во 2016 година се појави мексиканска преработка со No Manches Frida.[1]
Дејство
уредиБанкарски ограбувач Цеки Милер е ослободен од затвор. Тој оди во потрага по пленот на неговиот последен разбојнички поход, за да ги подмири своите насобрани долгови кај макрото Атила. Пријателот на Цеки Чарли ги закопал парите на градилиштето тринаесет месеци претходно, верувајќи дека само таму биле поставени цевки. Цеки го лоцира пленот со помош на GPS под една новоизградена спортска сала на средното училиште во Минхен Гете-Гезамтшуле. За да добие пари, Цеки аплицира за работно место на починатиот чувар, но е ангажиран како заменски професор поради недоразбирање.
Список на песни
уреди- „Cheating“ – John Newman
- „Fack Ju Göhte Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
- „Error“ – Madeline Juno
- „Pumpin Blood“ – Nonono
- „Let Her Go“ – Passenger
- „Hands Around The World“ – Djorkaeff
- „Benzin Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
- „Move“ – D/R Period
- „Brother“ – Smashproof
- „Ain’t No Fun“ – Nitro
- „Hey Now“ – Martin Solveig & The Cataracs feat. Kyle
- „Everybody Talks“ – Neon Trees
- „Das Ist Pimkie!“ – Beckmann
- „Dry My Soul“ – Amanda Jenssen
- „Change Is Gonna Come“ – Olly Murs
- „What I Go To School For“ – Busted
- „High Hopes“ – Kodaline
- „Zeitkapsel“ – Beckmann
- „Can’t Help“ – Parachute
- „Deep Diving“ – Thilo Brandt
- „Klassenzimmer Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
- „Laura, Sie Redet Mit Dir!“ – Beckmann
- „Theater Beat“ – Djorkaeff & Beatzarre
- „Balkan Bachata“ – Clea & Kim
- „Touch Me (I Want Your Body)“ – Samantha Fox
- „Cheating“ (Remix) – John Newman
Покрај тоа, употребена е и Трич-трач-полка од Јохан Штраус, но не е вклучена на ЦД-то од музиката од филмот.