Неопределено правило
(Пренасочено од Фази правило)
Неопределено правило (или фази правило) претставува условен исказ од обликот:
- АКО x е А
- ТОГАШ y е Б
при што x и y се линвгистички променливи; А и Б се лингвистички вредности утврдени од неопределени (фази) множества на доменот на дискурс X и Y.
Споредба на Буловите и неопределените правила
уредиКласичниот исказ АКО-ТОГАШ се раководи според бинарната логика. На пример:
- АКО човек_висина е > 180 см
- ТОГАШ човек_тежина is > 50 кг
Класичните правила се изразуваат по пат на Булова логика. Од друга страна, неопределените правила се повеќевредносни. Кај неопределените правила, доменот на дискурс на променливата „човек_висина“ е неопределено множество (висок, среден, низок). На пример:
- АКО човек_висина е висок
- ТОГАШ човек_тежина е тежок