Фажанскиот канал е морски канал измеѓу островите Бриони и крајбрежното копно од ’ртот Барбарита до гребенот Кабула на северниот крај на Брионите, и линијата од ’ртот Проштин на копното до ’ртот Пенеда на најјужниот крај на островите Гилеми Бриони. Источното крајбрежје е каменито и испред неа се наоѓаат многубројни плитки води оддалечени 200-400 метри од брегот. Во јужниот ден на каналот се наоѓаат малите острови Свети Јеролим и Котеж.

Бриони и Фажански канал

Морски струи

уреди

Постојаната морска стрја има северозападна насока, но ветровите и морските мени влијаат на нејзината насока и брзина. Во време на плима(спрема северозапад) брзината на морската струја може да достигне 1,5 јазол, но ако дуваат јужните ветрови 2 јазла. Струјата понекогаш е посилна од постојаната струја, па резултираната струја има јутоисточна насока.

Пристаништа

уреди

Има доста мали пристаништа за помали пловила, особено за ветровите од правецот на југозапад и јутоисток и тоа испред фажан и во сливот на Марич, Перој, Рунца и Берига.

Останато

уреди

Во каналот има многу плитки места. Во северниот дел на каналот се наоѓа плиткото место Мртулин западно од истоимениот ’рт. Во јужниот ден се наоѓаат Ранкун источно од Големите Бриони и питкото место Котеж на средината на каналот северозападно од Котеж. Помеѓу Фажана и Брионите се наоѓаат положени водоводни цевки и кабли.