Уте (фински остров)
Оваа статија е за финскиот остров, за шведскиот остров видете Уте (шведски остров).
Уте (фински и шведски: Utö) ― мал остров во Архипелашкото Море во Балтичкото море и припаѓа на финската општина Паргас. Тој е најјужниот населен остров во текот на целата година во Финска. Уте има површина од 8,100 км2 и населението било околу 40 (согласно до 2005 година)
Име
уредиИмето на островот, Уте , на шведски значи „надворешен остров“.
Опис
уредиОстровот има светилник, насочувачка станица, мало пристаниште за гости, продавница и пошта. Островот е познат и по набљудувањата на морските временски услови кои започнале во 1881 година.[1] Поради оддалеченоста на островот, островот има свое мештанско училиште. Во поранешно време, финските одбранбени сили чуваале мала станица на островот, но го напуштиле островот во 2005 година. Островот е познат и како прва спасувачка станица од катастрофата на бродот Естонија во септември 1994 година, а исто така помогнала и во спасувањето на преживеаните од потонувањето на парниот брод „Парк Виктори“.
Клима
уредиГодишната просечна температура на Utö е 6.5 °C и годишни врнежи 549 мм (1981-2010) Просечниот период покриен со снег трае од 23 јануари до 15 март.[2] Областите на отворено море околу Уте се покриени со мраз приближно на секои пет години.[3]
Ута има влажна континентална клима (Кепенова клас.) со студено до благо лето и умерено студено, многу долги зими кои траат подолго од блиската јужна континентална Финска поради сезонското заостанување предизвикано од Балтичкото Море.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Utö Atmospheric and Marine Research Station: Observations“. Finnish Meteorological Institute. Посетено на 16 март 2021.
- ↑ „Utö Climate statistics“. Finnish Meteorological Institute. Архивирано од изворникот на 2013-03-23. Посетено на 16 март 2021.
- ↑ Seinä, A, and Peltola, J. (1991). Jäätalven kestoaika ja kiintojään paksuustilastoja merialueilla 1961-1990 / Duration of the ice season and statistics of fast ice thickness along the Finnish coast 1961-1990. Finnish Institute for Marine Research: Finnish Marine Research 258.CS1-одржување: користи параметар authors (link)
Надворешни врски
уреди- Уте (фински остров) на Ризницата ?
- Мрежна страница на островот Уте (шведски)
- Станица за истражување на атмосферата и морето во Уте Архивирано на 28 април 2021 г.