Установа

(Пренасочено од Установите)

Установа или институцијаорганизации или механизми на општествена структура што го уредуваат однесувањето на две или повеќе личности. Се одликува со: општествена цел и трајност, надминувајќи ги поединечните човечки животи и намери, како и со создавање и спроведување на правила за уредување на човечкото однесување. Како структури и механизми на општествениот поредок меѓу луѓето, установите се еден од главните предмети на изучување на општествените науки како социологија, политички науки и економија. Установите се исто така клучна точка во правото.