Опшувајќи ги одбивањето и прекршувањето во оптиката, упадната рамнина е рамнината на која стои површинска нормала и бранодвижечки вектор на дојдовно зрачење.[1] (Во брановата оптика, второспоменатото е k-вектор или бранов вектор на дојдовниот бран.)

Упадната рамнина дефинирана од векторот на дојдовното зрачење и нормалниот вектор на површината.

Кога одбивањето се случува во огледало (или друга сјајна површина) одбиениот зрак исто така лежи на упадната рамнина; кога се јавува и прекршување, прекршениот зрак лежи на истата рамнина . Состојбата на копланарност меѓу упадниот зрак, површинската нормала и одбиениот зрак (прекршениот зрак) се нарекува прв закон за одбивање (или прв закон за прекршување).[2]

Поларизации

уреди

Насоченоста на поларизацијата на упадната светлина во однос на упадната рамнина има важен ефект врз јачината на одбивањето. P-поларизираната светлина е упадна линеарно поларизирана светлина чија насока на поларизација лежи на упадната рамнина. S-поларизираната светлина има поларизација нормална на упадната рамнина. Буквата s доаѓа од германскиот збор senkrecht, што значи „нормален“ или „исправен“. Јачината на одбивањето од дадена површина е определена со Френеловите равенки, кои се различни за s- и p-поларизирана светлина.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Brewster's law“. Britannica. Посетено на 4 јуни 2019.
  2. Chapple, M. (1999). Dictionary of Physics. Fitzroy Dearborn. стр. 181. ISBN 978-1-57958-129-9. Посетено на 10 август 2020.