Унгарски танци (германски: Ungarische Tänze) (унгарски: Magyar táncok) од Јоханес Брамс се 21 танц засновани на унгарски теми, компонирани во 1869 година.[1] Тие се меѓу неговите најпопуларни дела.

Јоханес Брамс, 1853
Унгарски танц број 6
Унгарски танц број 5

По должина, тие се од една до пет минути. Секој танц е аранжиран за различни инструменти и ансамбли. Првично Брамс ги напишал како композиции за пијано за четири раце, а подоцна првите 10 танци ги преработил за соло пијано.[2] Само таницте со број 11, 14 и 16 се целосно оригинални композиции.

Наводи

уреди
  1. Bozarth, George. „Brahms, Johannes“. Grove Music Online. Oxford Music Online. Oxford. Посетено на 26 September 2011.
  2. Lopraits, Elizabeth (2008). Hungarian gypsy style in the Lisztian spirit: Georges Cziffra's two transcriptions of Brahms' Fifth Hungarian Dance. ProQuest. стр. 33. ISBN 978-0-549-55607-7.

Надворешни врски

уреди