Ултима Мк1 (латиница: Ultima Mk1) е концептен склопувачки автомобил со средиштен мотор произведен од „Noble Motorsport Ltd“ во 1983 година (подоцна компанијата стана „Ultima Sports“ кога Тед Марлоу и Ричард Марлоу ги купиле правата во 1992 година).[1] Мк1 бил наменет да започне со производство, но пред да се продава бил претставен Ултима Мк2, а со тоа бил произведен само еден Мк1.

Ултима Мк1
ПроизведувачNoble Motorsports Ltd
Производство1983 (1 произведен)
НаследникУлтима Мк2
Вид каросеријадвовратно купе
РаспоредЗаден средиштен мотор, заден погон
Мотор2.6л (2664 кс) PRV V6
Преноспеттобрзински рачен
Должина4,267 мм
Ширина1829 мм
Висина1067 мм
Нетоварена тежина736.6 кг
КонструкторЛи Нобл

Потребни дарителски делови

уреди

Бидејќи Ултима Мк1 бил склопувачки автомобил, барало разновидни дарителски делови да се заврши. Мк1 користел 2.6L V6 и петтобрзински менувач од Рено 30, како и погонски вратила на тој автомобил, главчина, лежишта на тркалата и рачка на менувачот. Исто така, се користеле компонентите на управувачот, предните кревети, предните центри, предните сопирачки и рачната сопирачка од Мк3 Форд Кортина како и ладилникот од Остин Принцес и задните добоши од Ланчија Бета.[2]

Изведба

уреди

Мк1 има шасија со квадратни цевки со просторни рамки и крилести врати.[3] Задвижуван од моторот 2.6л (2664 куб. см) V6 PRV и петтобрзински менувач од Рено 30 произведувајќи 96 kW (128,7 кс).

Наводи

уреди
  1. „Ultima“. www.performance-car-guide.co.uk (англиски). Архивирано од изворникот на 2021-02-14. Посетено на 7 февруари 2021.
  2. „1983-1991“. Ultima Sports Ltd (англиски). Посетено на 7 февруари 2021.
  3. „Kitdeal - Ultima (Mk1 / Mk2 / Mk3)“. ACI. Архивирано од изворникот на 2018-03-27. Посетено на 7 февруари 2021.