Тјурингова проверка

(Пренасочено од Тјурингов тест)

Тјурингова проверка или Турингов тест — предлог-проверка на машинската способност да ја покаже интелигенцијата, еквивалентна или што не може да се разликува од онаа на човекот. Алан Тјуринг ја опишал во 1950 година во трудот Компјутерски машини и интелигенција. Проверката се спроведува на следниов начин: човечки судија води разговор на природен јазик со еден човек и една машина, а двајцата соговорници се обидуваат да се претстават како луѓе. Ако судијата не може со сигурност да утврди кој соговорник е човек, а кој машина, тогаш машината успешно ја поминала проверката. Со цел проверката да биде едноставна и универзален (за експлицитно тестирање на лингвистичката способност на машината наместо нејзината способност да генерира говор), разговорот обично се одвива преку некој канал за пренос на текст, како што е телепечатачот предложен од Тјуринг, или во денешно време IRC или некои друга услуга за разговор преку семрежјето.

„Стандардната интерпретација“ на Тјуринговата проверка, во кој играчот C, испитувачот, има задача да се обиде да утврди кој играч - А или B - е човек, а кој сметач. Испитувачот е ограничен на користење на одговорите на писмените прашања за да донесе одлука.

Откако Тјуринг првпат ја претставил својата проверка, се покажало дека е многу влијателна, но и многу критикувана и станала важен концепт во филозофијата на вештачката интелигенција.[1][2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Pinar Saygin, Ayse; Cicekli, Ilyas; Akman, Varol (1 ноември 2000). „Turing Test: 50 Years Later“. Minds and Machines (англиски). 10 (4): 463–518. doi:10.1023/A:1011288000451. ISSN 1572-8641.
  2. Russell 2003

Литература

уреди
  • Russell, Stuart J. (2003). Artificial intelligence : a modern approach. Norvig, Peter,, Canny, John. (2.. изд.). Upper Saddle River, N.J. ISBN 978-0-13-790395-5. OCLC 51325314.CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

уреди