Перконоги

(Пренасочено од Тулени)
Перконоги
Период: Доцен олигоцен – денес
Пристанишна фока (Phoca vitulina)
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Chordata
Потколено: Vertebrata
Класа: Mammalia
Ред: Carnivora
Подред: Caniformia
Натсемејство: Pinnipedia
Семејства

Odobenidae (моржови)
Otariidae (крзнени фоки и морски лавови)
Phocidae (вистински фоки)

Распространетост во светот

Перконоги (научPinnipedia), наречени фоки или тулени — група на широко распространети и разновидни морски цицачи кои се распределени во трите семејства: Odobenidae (моржови), Otariidae (ушести фоки, каде припаѓаат и морските лавови и крзнените фоки) и семејството Phocidae (безушни фоки).

Преглед на семејствата

уреди

Перконогите се животни со буревидни и глатки тела. Телесната форма им е добро адаптирана на водните живеалишта каде тие поминуваат поголем дел од животот. Нивните екстремитети се состојат од кратки, широки и зарамнети перки. Најмалиот перконог (бајкалската фока) тежи околу 70 кг во просек кога е израснат и е 1,3 m долг, додека најголемиот (машките единки од јужната слоновска фока) се долги над 4 m и тежат до 4000 кг.

Phocidae

уреди

Безушните фоки, познати и како "вистински фоки" или "фоциди" се најраспространетите и најразновидни перконоги. Кај нив нема надворешни уши, поседуваат позарамнети муцки и во целост се повеќе адаптирани на воден начин на живот отколку отариидите. Пливаат со ефикасни, ундулаторни движења на целото тело користејќи ги притоа нивните поразвиени задни перки. Ефикасноста на пливањето и цела низа на физиолошки адаптации им овозможуваат долго да нуркаат во длабочините. Меѓутоа, овие цицачи се многу несмасни на копно, движејќи се со извиткување на нивните предни перки и абдоменални мускули. Двете задни перки образуваат опашеста структура која многу не помага при движењето на копно. Вистинските фоки обично комуницираат со удирање по водата и грофтање, но не и со вокализација.

Otariidae

уреди

Ушестите фоки, исто така нарекувани и "одечки фоки" или "отарииди" ги обединуваат животните познати како морски лавови и крзнени фоки. Тие се вокални, социјални животни кои донекаде се подобро адаптирани на копнени станишта, со задни перки кои можат да се свртат нанапред, така што можат да се движат со сите четири екстремитети на копното. Нивните предни перки се поголеми од оние на безушните фоки и се користат како примарен извор на маневрабилност во водата. Ушестите фоки имаат надворешни уши (на што укажува и нивното име) и се со покучевидни муцки, што уште повеќе ги одвојува од вистинските фоки. Иако морските лавови се обично поголеми од крзнените фоки и го немаат густото подкрзно присутно кај вторите, добро утврдената поделба на потсемејства (Arctocephalinae и Otariinae за крзнени фоки и морски лавови, соодветно) е неоправдана во поглед на генетските докази кои укажуваат на тоа дека неколку видови на крзнени фоки се поблиски сродници со некои морски лавови отколку со други крзнени фоки. Популарната циркуска фока тренирана за балансирање на топката е некој вид на морски лав, и тоа најчесто калифорниски морски лав.

Odobenidae

уреди

Моржот е исклучително арктички вид - единствен преживеан член од некогаш разновидната и широко распространето семејство Odobenidae. Моржовите лесно се препознаваат по нивните долги бивни и голема маса (до 2000 кг). И покрај тоа што со отариидите ја споделуваат можноста за свртување на нивните задни перки нанапред, сепак нивното пливање потсетува на тоа од вистинските фоки, со синусни движења на целото тело. Кај нив исто така нема надворешни уши. За разлика од ушестите и вистинските фоки, кои се хранат главно со лов на риба и лигни, моржот обично ги претпочита бентосните безрбетници, а особено школките.