Трифазен генератор
Трифазниот генератор на напони е составен од статор и од ротор. Во жлебовите од внатрешната страна на обемот на статорот, меѓусебно просторно поместени за агол од 2π/3, се поставени идентични намотки. Почетоците на намотките се означуваат со A,B и C, а нивните краеви со X,Y и Z. Намотката А-Х се нарекува фаза А, намотката В-Y се наеркува фаза В и намотката C-Z фаза C. Роторот претставува вртлив електромагнет, чиишто полови имаат специфична форма, така што во воздушниот зјај се постигнува синосуидална распределба на магнетната индукција.[1]
Наводи
уреди- ↑ Кирил И. Коцев: Применета Електротехника. Скопје, 2007, стр. 86.