Трговец поединец
Трговец поединец, исто така познат како самостоен трговец или сопственик, е вид на деловен субјект кој е во сопственост и е управуван од страна на еден поединец, каде не постои законска разлика помеѓу сопственикот и бизнисот. Целиот приход оди кај сопственикот ( подлежи на оданочување соодветно на бизнисот) и има неограничена одговорност за сите загуби и долгови. Целиот имот на бизнисот го поседува сопственикот и сите долгови се негови. Ова значи дека сопственикот нема помала одговорност иако дејствува како поединец, а не како фирма. “Единствената” сопственост e спротивна на партнерствата. Еден трговец поединец може да користи заштитно име различно од неговото или нејзиното законско име по поднесување изјава за вршење на дејност до локалните власти.[1]
Предности
уредиМногуте предности на корпорациите се објаснети во таа статија; главно, тоа се способноста за јавно или приватно подигнување капитал, за ограничување на личната одговорност на службениците и управителите и за ограничување на ризикот на инвеститорите. Недостатоците на корпорациите се предности на приватната сопственост: помала цена на бизнисот, бидејќи корпорациите имаат поголеми трошоци како: поголеми трошоци за купување, сметководствени и правни трошоци и се предмет на посебни даноци и такси; полесно и поевтино започнување и прекинување на бизнисот без потребни такси и правни трошоци и полесно управување, особено кога едниствениот сопственик ја има целата контрола во свои раце, за разлика од корпорациите, кои се контролирани од страна на Одбор на директори сочинет од повеќе лица.
Недостатоци
уредиПодигнувањето на капитал е потешко кај приватната сопственост, бидејќи самостојниот сопственик помалку внимание обрнува на употребата и безбедноста на неговата/нејзината инвестиција, со што се отежнува официјализирањето на истата[2]; други видови на деловни субјекти имаат повеќе документација. Со зголемување на успешноста на бизнисот, ризикот тенденциозно расте. Еден од главните недостатоци на трговците поединци е неограничената одговорност каде личните средства можат да бидат одземени. Ова особено се однесува на правење престапки или на обврски создадени од страна на вработените; корпорациите само делумно го штитат сопственикот или службеникот за неговите лични постапки според принципот на заштита на правата и обврските на вработените. Најчесто, бизнисите на трговците поединци немаат долг век, или немаат континуитет во работата. Исто така, работејќи сами, трговците поединци вообичаено имаат недостаток на пари, што води до неуспех на бизнисот. Малата големина на бизнисот ги ограничува вештините за управување, поради помалиот број на вработени. Вработените главно сакаат да бидат ангажирани во стабилни бизниси или компании. Оттука, малите, независни компании кои имаат големи шанси за пропаѓање, не се примамливи за квалификуван кадар. Одредени деловни структури, како што е Друштво со ограничена одговорност, овозможува заштита на личните средства ,понекогаш дури и поволна даночна постапка, но, постојат и недостатоци[3] и ограничувања[4]
Кредитирање
уреди“Одржувајќи се друго непроменливо, малите корпорации се помалку кредитоспособни од малите некорпоративни претпријатија, бидејќи првите располагаат единствено со средствата на корпорацијата за покривање на долгови, додека вторите располагаат како со средства на претпријатието, така и со лични средства на сопственикот. Кредиторите, исто така, знаат дека сопствениците на мали претпријатија можат лесно да префрлаат средства меѓу нивните лични и сметки на корпорацијата, така што кредиторите не придаваат големо значење на корпоративната/некорпоративната разлика кај малите претпријатија. Затоа, при давање на кредити на мали претрпијатија, кредиторите можат да бараат од сопствениците лично да гарантираат за заемите. Со ова се укинува законската разлика помеѓу корпорациите и нивните сопственици за целите на одреден заем и ги става на ризик личните средства на сопственикот за отплаќање на истиот.”[5]
Извори
уреди- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-02-25. Посетено на 2011-01-19.
- ↑ Family Business Sourcebook, Aronoff, Astrachan, and Ward
- ↑ http://www.limitedliabilitycompanycenter.com/llc_disadvantages.html Архивирано на 6 јуни 2011 г. LLC Disadvantages
- ↑ http://www.yourlegalcorner.com/articles.asp?cat=llc&id=41 Can anyone form a California LLC? No.
- ↑ RAND Journal of Economics, Vol. 35, No. 1, Spring 2004, pp. 69–84, "Bankruptcy and small firms access to credit" Jeremy Berkowitz and Michelle J. White