Тотнауберг
Тотнауберг (герм. Todtnauberg) — село и рид во областа Шварцвалд, Германија кајшто филозофот Мартин Хајдегер имал планинска куќарка.
Романскиот поет Паул Целан напишал песна насловена како „Тотнауберг“ во која ја опишува неговата посета на Хајдегер во куќарката. Оваа куќарка се појавува и во филмот „Истер“[1]
Во 2006 г. на БиБиСи Радио 4 е емитувана радиодрамата „Тотнауберг“ на драматургот Џон Бенвил во која дејството е средбата помеѓу Хајдегер и Целан и љубовната врска на Хајдегер со Хана Арент.
Наводи
уреди- ↑ Официјална страница на филмот „Истер“ Архивирано на 5 јуни 2012 г. (англиски)
„Тотнауберг“ на Ризницата ? |