Торизмунд (исто така Торисмод или Торисмуд, како што ракописите на нашиот главен извор збунувачки потврдуваат[1]) ( ок. 420–453), ― визиготски крал откако неговиот татко Теодорих бил убиен во Битката кај Каталунските Полиња (исто така наречена Битка кај Шалон) во 451 година н.е. Тој бил убиен во 453 година, а го наследил неговиот брат Теодорих II.

Замислен портрет на Торизмунд.

Торизмунд се чини дека одиграл клучна улога во Битката кај Каталунските Полиња, бидејќи тој водел контингент од визиготски сили во освојувањето важен врв во раните фази на судирот. Се чини дека врвот бил широк по целото лево крило на силите на Остроготите и Хуните. Торизмунд се спуштил од ридовите за време на доцните фази на судирот, кога Хуните преовладувале над Аланите, а Остроготите ги туркале неорганизираните Визиготи по смртта на нивниот крал Теодорих. Торизмунд ја предводел својата сила на Визиготи во одлучувачки јуриш кое, според Едвард Гибон, ги заобиколил и Остроготите, а потоа и Хуните и им ја грабнал победата на неговите непријатели.[2]

Наводи

уреди
  1. Јорданес, De origine actibusque Getarum (Getica) 81, 174, 190, 201 и секаде.
  2. Аџиевски, Коста; Петровски, Бобан (март 2009). „Кралството на Визиготите (418-718)“. Историја на Европа во раниот среден век. Филозофски факултет - Скопје. стр. 31. ISBN 9786084508151.

 

Надворешни врски

уреди
Торизмунд
Починал(а): 453
Владејачки титули
Претходник
Теодорих I
Визиготски крал
451–453
Наследник
Теодорих II