Топозеро
Езерото Топозеро (Топ-Езеро) е Езеро во Европскиот дел на Русија, Република Карелија. Со површина од 986 км², е трето по големина езеро (веднаш по Ладога и Онега) во Република Карелија и 12-то по големина во цела Русија.
Физичко-географски одлики
уредиТопозеро се наоѓа во крајниот северозападен дел на Источноевропската рамнина, во северозападниот дел на Република Карелија, на 110 м н.в. Тоа претставува акумулација во речниот систем на реката Ковда (Софјанга).
Во езерото има два различни морфолошки дела: северниот дел е широк и плиток и југоистокжчниот, каде е езерото е долго и тесно со длабочина и до 42 метри. Бреговете му се ниски, камени, покриени со игло-листна вегетација.
Топозеро е релативно длабоко езеро: просечната длабочина е 15,2 м, а максималната изнесува 56 метри (некаде во северниот дел на езерото). Околу 22% од површината на езерото е со длабочина од 0 до 5 метри, 14% - од 5 до 10 метри, 35,5% - од 10 до 20 метри, 17,5% - од 20 до 30 метри и околу 11% - над 30 м.
Слив
уредиСливот на Топозеро изнесува околу 3570 км2. Постојат 28 реки кои се влеваат во езерото, кои течат од правец на југозапад кон северозападниот дел. Одливот од езерото се изведува на северозападниот дел преку реката Ковда (Софјанга) до езерото Пјаезеро.
Езерото често во текот на годината е замрзнато и тоа од крајот октомври или почетокот на ноември, па сè до втората половина на мај. Температурата на водата на површината достигнува од 16 - 18 °C, а во длабочината под 30 метри од 5 до 6 °C. Околу 75% од вкупната површина на езерото е покриена со сиво - зелена или кафена тиња. Од 1948 година до 1960 година функцинирала на патничката и товарната пловидба. Езерото е познато по своите патеки за кајакарски спорт и е доста популарно помеѓу туристите и риболовците.