Ацуши Накаџима или Тон Накаџима (јапонски: 中島 敦, 5 мај 1909 - 4 декември 1942) - јапонски писател.

Ацуши Накаџима или Тон Накаџима (јапонски: 中島 敦, 5 мај 1909 - 4 декември 1942)

Животопис

уреди

Тон Накаџима потекнува од семејство на писатели и познавачи на класичната кинеска книжевност. Оттука, и тој добро ги познавал кинескиот јазик и класичната кинеска книжевност. Откако дипломирал на Одделот за јапонска книжевност, тој се вработил како државен службеник на островите во Јужното Море.[1]

Творештво

уреди

Накаџима стекнал книжевна слава со своите кратки раскази кои се одликуваат со широка ерудиција и фантазија, која потсетува на писателот Акутагава. Неговото најпознато дело, „Светлина, ветар и соништа“ е објавено во 1942 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Riba, patka, vodozemac: Priče o životinjama (Priredila Ljubica Arsić). Beograd: Laguna, 2014, стр. 170.