Томоросов различник
Томоросов различник (Centaurea tomorosii ) е локален ендемичен вид растение во Националниот парк Галичица. [1]
Мониторинг
уредиТоморосовиот различник е строго заштитен вид во Македонија и локален ендемит (стеноендем) со мала популација и исклучително ограничено распространување во паркот (на врвот Томорос и околните падини). Со теренското мерење се регистрирал вкупниот број единки (бусени) кои биле во фаза на цветање или биле прецветани.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Национален парк Галичица“. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 2021-06-12.
- ↑ „Национален парк Галичица“. Архивирано од изворникот на 2021-05-12. Посетено на 2021-06-12.