Тоде Тренев Груески (13 февруари 1924 во Опеница, Охридско — 4 мај 1945 во С. Бојана) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис уреди

Тоде Тренев Груески е роден на 13 февруари 1924 година во селото Опеница. По занимање бил земјоделец. Кон НОБ се приклучил доброволно на 15 август 1944 година. Како борец на Првата македонска ударна бригада учествува на Сремскиот фронт и на позицијата кај с. Бојана загинува на 4 мај 1945 година.[1]

Наводи уреди

  1. . Охрид и охридско во борбата против фашизмот. ЗБОРНИК на паднатите борци во народно-ослободителната борба и револуција и жртвите на фашистичкиот терор во Охрид и охридско 1941-1945. Охрид. 1976. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)