Тамерлановиот придонес во развој на науката и уметноста
Тимуровиот придонес во развој на науката и уметноста бил огромен. Според некои научници, со Тимур започнал третиот голем период на средновековната иранска уметност. Во текот на 15 век, потомците на Тимур од Тимуридската династија го воздиганле златното доба на персиското ракописно сликарство, под нивно менторство творел познатиот Кемаледдин Бехзад, но и голем број на други уметници (погл. Исламска уметност).
Развој на науката и уметноста
уредиПод покровителство на Тимур во срцето на неговата империја (Трансоксијана), дошло до распространување и развој на уметноста. На уметниците им биле овозможени услови во кои можеле да го прикажат мајсторство на своите вештини во Бухара, Самарканд и Јаши. Од нивната дејсност, меѓу останатото, се сочувани ѕидните слики во гробниците на Ширинбек Ага и Туман Ага, создадени во периодот помеѓу 1385 и 1405 година.
Особено се развила уметноста за минијатурно украсување на книгите, со оваа техника било украсено делото „Шахнаме“ од Фирдуси [1] и Антологија на иранските поети. Во овој период голем успех постигнале уметниците Абдулхаи, Пир Ахмад Багисхамали и Ходге Бангир Табризи. Уметниците и мајсторите под заштита на Тимур, ја уредиле и внатрешноста на гробот на Хоџа Ахмед Јасави.
Во областа на науката и образованието, дошло до развој на правото, медицината, теологијата, математиката, астрономијата, историја, филозофија, музикологијата, литературата и др. Истакнат теолог во ова време бил Хорезми. Во астрологијата успех постигнал Маулана Ахмад, а развој во правото постигнале Абдумалик, Исамиддин и Шеих Шамсиддин Мухамад Џазаири. Во музиката се истакнале Абдулгадир Мараги, како и таткото и синот Сафиаддин и Ардашер Чанги.
Во сликарството се истакнале Абдулхај Багдади и Пир Ахмад Богишамол. Во филозофијата - Садиддин Тафтаззани и Мирсаид Шариф Џурџани, а во историската наука Низамиддин Шами и Хафизи Абру [2][3][4][5].
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ Iran. British Institute of Persian Studies, 2006. Vol. 44. Page 321.
- ↑ В. В. Трепавлов. История Ногайской Орды. Москва. Издательская фирма «Восточная литература», РАН
- ↑ В. Г. Тизенгаузен. Текст воспроизведен по изданию: Сборник материалов, относящихся к истории Золотой Орды. М. 1941
- ↑ Материалы по истории киргизов и Киргизии. Москва, 1973
- ↑ Материалы по истории туркмен и Туркмении. Т. 1. Москва, Институт Востоковедения. 1939