Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

Тил Линдеман ( роден на 4 јануари 1963 година) — германски пејач, текстописец, музичар, глумец, поет и пиротехничар. Тој е главен вокалист на германскиот бенд Рамштајн и германско-шведското дуо Линдеман . Тој е познат по неговиот мускулен раст, бас глас и неговите уникатни сценски изведби (кои вклучуваат и употреба на пиротехника ). Тој е исто така познат по текстот во неговите песни, од кои некои предизвикале контроверзии.

Раммстајн има продадено над 45 милиони плочи во светот и пет од нивните албуми добиле статус платина. Линдеман се наоѓа на списокот на "50 најголеми фронтмени на метал групи на сите времиња" на создадена од роудранер рекордс . Тој се појавил во помали улоги во неколку филмови и има објавено две книги, едната со наслов Messer (2002 година), а другиот со наслов In Stillen Nächten (2013 година).

Линдеман на концерт на Рамштајн за време на изведбата на песната " Енгел ", облечен во ангелски крилја опремени со оганофрлачи

Личен живот

уреди

Првата ќерка на Линдеман, Нел (родена во 1985 година), била спомната во едно германско интервју во кое тој рекол дека поминал седум години како самохран татко.[1] Тој има еден внук преку Нел.[2] Тилј има уште една ќерка, Мари Луиз (родена 1993 година), со поранешната сопруга Ања Кеселинг.[3] Тој бил заедно со медиумската личност Софија Томала од април 2011 до ноември 2015 година. Вели дека е атеист. Ја почитува традицијата во голема мера. Изјавил дека не му се допаѓа како американската култура и политика се шири низ целиот свет.

 
Линдеман на настап во февруари 2012 година

Надворешни врски

уреди
  1. Bettendorf, p. 117.
  2. „Rammstein vocalist Till Lindemann admitted that he hates the noise“. RIA Novosti. 6 July 2012. Посетено на 10 November 2014.
  3. „Till Lindemann – Biography“. IMDb. 2014. Посетено на 22 June 2014.