Теутај бил пајонски владетел, познат по една сребрена монета пронајдена во наоѓалиштето Маркова Кула, кај селото Корешница, Демиркаписко. На монетата е претставен бик што стои надесно на аверсот и кантарос во вдлабен квадрат и испишан текст TEYTAO(S) на реверсот. Едни автори ја датираат во втората половина на V в. п.н.е., а други во првите децении на IV в. п.н.е.Е.[1]

Наводи

уреди
  1. Петрова, Пајонија во I и II милениум пред н.е., Скопје, 1999.

Поврзано

уреди