Тетракорд
Тетракордот е дијатонска низа од четири тонови. Во скалата разликуваме долен и горен тетракорд. Долниот тетракорд уште го нарекуваме прв, а горниот втор тетракорд. Долниот започнува од дел започнува од 1.степен во скалата, а горниот од 5. степен во скалата. Тие се разликуваат во зависност од видот на скалата. Во дур има ист распоред на цели чекори и половина чекори и во двата тетракорда, додека во мол горната тетракорд се менува во зависност од видот на молот (природен, хармоничен или мелодиски мол).