Тестереп
Тестереп (или Тер Стрееп) — поранешен остров покрај белгиското крајбрежје. Островот првпат бил спомнат во 992 година.[1] Тестереп бил населен уште во 7. и 8. век.[2] Рибарски села биле расрфлани по островот, меѓу нив биле Остенде и Вестенде. Остенде се наоѓал на источниот крај (Oost-ende), Вестенде се наоѓал на западниот крај (West-ende), и Миделкерке (буквално 'средна-црква') на средината на островот. Тој служел главно за одгледување овци.[3]
Подоцна, со опаѓањето на морското ниво, островот се поврзал со белгиското крајбрежје.
Наводи
уреди- ↑ Jaarboek voor Middeleeuwse geschiedenis 2004(7), стр. 48
- ↑ Архива на Остенде[мртва врска]
- ↑ Jaarboek voor Middeleeuwse geschiedenis 2004(7), стр. 60