Тенок мраз (филм 2013)

Тенок мраз е документарен филм од 2013 година кој го следи геологот Сајмон Ламб во потрагата за разбирање на науката зад климатските промени. Ова го постигнале со патување низ светот и средби со низа научници, од биолози до физичари, кои ја истражуваат климата. Заклучокот од филмот го нагласува научниот консензус за климатските промени предизвикани од човекот.

Филмот бил заедничка иницијатива помеѓу Универзитетот Оксфорд и Универзитетот Викторија во Велингтон, а премиерно бил прикажан ширум светот на Денот на планетата Земја 2012 година и во Нов Зеланд во 2015 година.[1]

Наводи

уреди
  1. Stuff.co.nz (6 September 2015). „Kiwi climate change documentary premieres in New Zealand“.

Надворешни врски

уреди