Црн говор

(Пренасочено од Темен говор)

Црн говор (англиски: Black Speech) е измислен јазик создаден од англискиот писател Џ. Р. Р. Толкин. Јазикот е измислен поради стилските и книжевните потреби за неговите три дела од сериојалот „Господарот на прстените“.

Црн говор
Создаден одЏ. Р. Р. Толкин
Датум1945 – 1973
Прилики и употребаМордор во Средна Земја
Говорници0  
Причина
Јазични кодови
ISO 639-3нема

Овој е еден од неколкуте јазици кои ги создал во своите дела. Јазикот се „зборува“ во Мордор. Толкин пишува дека јазикот бил создаден од Саурон како еден универзален јазик за сите слуги во Мордор, а со тоа да се заменат оркискиот јазик, Заедничкиот говор и друте јазици на Средната Земја. Според Толкин, јазикот имал две форми, едната е старата чиста форма користена од Саурон, Назгул и Олог-хаи, и „снижената“ форма користена од војниците на Барад-дур.

Јазикот го користел во книгите, но не пишувал поеми на истиот, за разлика од другите негови создадени јазици.

Натпис на Прстенот

уреди

Единствен пример на „чист“ Црн говор е натписот на „Прстенот“:

 

транслитерација
Ash nazg durbatulûk, ash nazg gimbatul,
ash nazg thrakatulûk agh burzum-ishi krimpatul.
македонски
Еден Прстен да владее со ним, еден Прстен да ги најде,
Еден прстен да ги донесе сите ним и во темнината да ги врзе.

Следниве зборови се извадени од натписот и образложени од самиот Толкин.[1]

Црн говор македонски
ash еден
nazg прстен
durb- присили, доминира
-at глаголска наставка
ulûk наставка за 3 л. мн. за "ним" (ul) во целосна форма „на сите ним“
gimb- бара, открива
-ul ним
thrak- донесе со сила, влече
ghâsh- оган
agh и
burzum темнина
ishi во, внатре
krimp- врзе

Други примери

уреди

Неколку зборови на Црниот говор се познати, опишани од Толкин во Додатокот Ф на книгата „Враќањето на кралот“. Овие се: Lugbúrz ("„темна Кула“ (Барад-дур), snaga („роб“) и ghâsh („оган“). Името „Назгул“ (Nazgûl) е комбинација од зборовите nazg што значи „прстен“ и gûl што значи „дух“ или „привидение“.[2]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. J.R.R. Tolkien, "Words, Phrases and Passages in Various Tongues in The Lord of the Rings", Parma Eldalemberon 17, p. 11.
  2. Fauskanger, Helge K. „Orkish and the Black Speech“. Ardalambion. University of Bergen. Посетено на 2 September 2013.

Надворешни врски

уреди