Твејтсова Ледена Плоча

ледена плоча на Антарктикот

Тејтсова Ледена Плоча англиски: Thwaites Ice Shelfледена плоча на Антарктикот на Амундсеновото Море. Наречена е по Фредрик Твејтс, леднички геолог геоморфолог.[1] Ова е еден од најголемите ледени плочи на Западниот Антарктик, иако е многу нестабилен и се брзо се распаѓа.[2][3] Од 1980-тите, the Твејтсовиот Ледник го носи прекарот „Ледник на Судниот ден“[4] и досега има изгубено 600 милијарди тони мраз, иако припоеноста до Тејтсовата Ледена Плоча го има забавено овој процес.[5] Тејтсовата Ледена Плоча има улога на источниот дел на ледникот, овозможувајќи бавно топење, за разлика од незаштитениот западен ден.[4][6]

ТЛГ во рамките на Антарктик
ТЛГ
Местоположба на плочата
Твејтсовата Ледена Плоча

Според истражувањата, плочата дава потпора на една третина од ледникот и со тоа спречува негово топење, кое инаку би било поголемо за 25 %.[7] Од друга страна, плочата веќе има раседнување кое набргу може да го отпочне процесот на негово постепено уривање.[7]

Европскиот геонаучен сојуз вели дека целосното топење на Твејтсовиот Ледник би го покачило светското морско ниво за 65 см.[2] Соработниот институт за научно истражување на животната средина изјавило дека уривањето на Твејтсовиот Ледник може на подолг рок да го покачи нивото за цели 3 метри[8] ако со себе го повлече Пајнајлендовиот Ледник и другите околни ледници поради нестабилноста на морската ледена покривка.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Thwaites Glacier Tongue“. Geographic Names Information System. United States Geological Survey. Посетено на 23 октомври 2011.
  2. 2,0 2,1 Douglas, Benn I.; Luck, Adrian; Åström, Jan A.; Crawford, Anna; Cornford, Stephen L.; Bevan, Suzanne L.; Gladstone, Rupert; Zwinger, Thomas; Alley, Karen; Pettit, Erin; Bassis, Jeremy. „Rapid fragmentation of Thwaites Eastern Ice Shelf, West Antarctica“. Copernicus.org (англиски). Посетено на 2022-01-25.
  3. Kim, Jin-Woo; Kim, Duk-jin; Kim, Seung Hee; Ha, Ho Kyung; Lee, Sang Hoon (2015). „Disintegration and acceleration of Thwaites Ice Shelf on the Amundsen Sea revealed from remote sensing measurements“. GIScience & Remote Sensing. 52 (4): 498–509. doi:10.1080/15481603.2015.1041766.
  4. 4,0 4,1 Cohen, Li (2021-12-14). 'Doomsday' glacier's last-remaining ice shelf could collapse within 5 years, and scientists warn it could rapidly raise sea levels“. CBS News (англиски).
  5. Tinto, K; Bell, R (2011). „Progressive unpinning of Thwaites glacier from newly identified offshore ridge: Constraints from aerogravity“. Geophysical Research Letters. doi:10.1029/2011GL049026.
  6. „Thwaites: Antarctic glacier heading for dramatic change“. BBC News (англиски). 2021-12-13. Посетено на 2021-12-18.
  7. 7,0 7,1 Pettit, Erin C.; Wild, Christian; Alley, Karen; Muto, Atsuhiro; Truffer, Martin; Bevan, Suzanne Louise; Bassis, Jeremy N.; Crawford, Anna; Scambos, Ted A.; Benn, Doug (2021-12-15). Collapse of Thwaites Eastern Ice Shelf by intersecting fractures. AGU Fall Meeting. New Orleans: American Geophysical Union. C34A-07.
  8. Cooperative Institute for Research in Environmental Sciences at the University of Colorado Boulder. „The Threat from Thwaites: The Retreat of Antarctica's Riskiest Glacier“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2022-09-25. Посетено на 2022-09-25.

  Оваа статија содржи материјал во јавна сопственост од Геолошкиот топографски институт на САД (USGS) — документ: „Твејтсова Ледена Плоча“ (содржини од Информативниот систем за географски имиња). (англиски)

75°6′S 105°31′W / 75.100° ЈГШ; 105.517° ЗГД / -75.100; -105.517