Сунѓерот Боб Панталоновски

Сунѓерот Боб Панталоновски (англиски: SpongeBob SquarePants) — американска цртана серија и медиумска франшиза, емитувана низ целиот свет. Серијата ја има осмислено морскиот биолог и аниматор Стивен Хиленберг и настаната е во неговата продуцентска куќа “Јунајтед планктон пикчерс”. Серијата е сместена во Тихиот Океан, во измислениот град Бикини Дно, опкружено со лагуни. Сунѓерот Боб е пријателски и оптимистички морски сунѓер, кој е веројатно станарот што најмногу фантазира. Живее во ананас на дното на морето со своето куќно милениче, морскиот полжав Гери. Работи во Крастав Рака, морскиот ресторан. Неговата специјалност се плескавиците, чиј таен рецепт вешто го крие од својот најголем непријател, Планктон. Најдобар пријател на Сунѓерот Боб е Патрик. Тие двајца се неразделни другари, полни со интересни идеи.

ЛиковиУреди

  • Сунѓерот Боб Панталоновски (англ. SpongeBob SquarePants)
  • Патрик (англ. Patrick Star)
  • Сенди (англ. Sandy Cheeks)
  • Лигна (англ. Squidward Tentacles)
  • Господинe Раковски (англ. Mr. Krabs)
  • Планктон (англ. Sheldon Plankton)
  • Карен (англ. Karen)
  • Господиѓа Паф (англ. Mrs. Puff)
  • Бисера (англ. Pearl)