Сунчица Уневска е новинарка и филмска критичарка.

Биографија

уреди

Сунчица Уневска е новинарка и филмска критичарка, која има работено во голем број медиуми од 1989 година па сè до денес, покривајќи ги сите актуелни теми од културата, како и проблемските теми и општествени прашања. Почнувајќи од дневниот весник „Република“, каде работела во Културната рубрика, потоа во агенцијата „Макпрес“, па како новинар-хонорарен соработник во политичкиот неделник „Пулс“. Во почетокот на 1990-тите почнува да пишува и за списанието за теорија, историја и култура на филмот „Кинопис“, потоа за списанието за култура, уметност и општествени прашања „Културен живот“, потоа за Macedonian Review, списание за историја, култура и литература, како и за електронското списание „Блесок“. Во 2000 година за австриското списание Springerin ја покрива конференцијата на тема „Разбирајќи го Балканот“ одржана во Охрид, а за бугарското списание „Кино“ се јавува како дописник за македонскиот филм и култура. Од 1999 година до 2016 работела во дневниот весник „Утрински весник“ во кој пишува за сите теми од културата, има направено огромен број интервјуа со домашни и странски автори, а пишува и филмски и театарски рецензии и редовно известува од големите филмски фестивали ширум светот, вклучувајќи ги и најголемите, Венеција, Кан и Берлин. Како долгогодишен претставник на Македонија во Меѓународното здружение на филмски критичари „Фипресци“ таа учествувала во повеќе меѓународни жири-комисии на филмските фестивали низ светот, меѓу кои во: Братислава, Каиро, Мотовун, Вајадолид, Истанбул, Софија, Талин, Берлин и други. Од 2016 година таа е основач и уредник на првиот и единствен месечен филмски магазин во земјава, ФИЛМ+. Инаку, автор е на брошурата „10 лауерати на Астерфест“, а од 2015 година до денес има издадено четири книги посветени на филмот, и тоа „Седмиот печат“, книга со рецензии за интернационалните филмови, потоа „Македонска сага“, книга со рецензии за македонскиот филм, опфаќајаќи го за првпат во нашата земја македонското творештво на независна Македонија, книгата „Филмски великани“, книга со интервјуа на некои од најзначајните филмски автори на денешнината и последната, која ја издаде 2021, „Дух во школка“, повторно со рецензии за интернационалните филмови, конципирана тематски. Поради нејзиното искуство и долгогодишна работа таа беше поканета од БиБиСи да учествува во изборот на најдобри филмски остварувања во историјата на светската кинематографија направени од жени-режисери, а веќе три години на покана на Арапскиот филмски центар учествува во интернационалните жирија составени од најеминентни филмски критичари во светот, во изборот на најдобри арапски филмови. Инаку, Уневска има работено и на бројни филмски фестивали, и тоа: две години работеше како медиум координатор на Фестивалот на германски филм во Скопје и како програмски координатор и селектор на Фестивалот на европски филм „Синедејс“. Пет години беше селектор на програмата „Нови визии“ на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, која и ја востанови, а како селектор работеше и на фестивалот „Астерфест“ во Струмица и на Скопскиот филмски фестивал. Во текот на четири години беше и селектор за Македонија на фестивалот во Мотовун, Хрватска, а во 2015 година го основа и првиот меѓународен фестивал на ангажиран филм, „Охрид Филм фестивал“. [1][2]<ref>[1]

Наводи

уреди
  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2021-02-25. Посетено на 2022-03-14.
  2. http://www.kultura.mk/2015/11/izleze-sedmiot-pechat-od-sunchica-unevska]