Судски процес прoтив загадувањето во Велес
Судскиот процес во кој Велес ја тужи државата[1] за 30-годишното загадување од топилницата за олово и цинк МХК „Злетово“ во Велес започнал во 2008 година. Хуманитарна акција за парични средства потребни за плаќање на судско вештачење во спорот кој во 2008 година го покренала Општина Велес со невладините организации од град Велес против Република Македонија.[2]
Опис
уредиОпштина Велес и седум невладини организации кои биле обединети под едно име „Зелена коалиција“ заедно ја тужеле државата Република Македонија за толерирање на загадувачот во Велес. Топилницата труеше и уште ги труе велешани[3]. Животната средина е затруена со тешки метали,троската од топилницата се уште е над градот како сениште. Сите овие години граѓаните го искажувале својот револт против топилницата. Во 2010 година локалната власт на Општина Велес одбила да ја плати целата вредност на судското вештачење во спорот против државата. Зелената коалиција одлучила да соберат парични средства со помош на граѓаните на Велес. Тие на 5 јуни 2010 година ја започнале хуманитарна акција под мотото „Јас за мене за Велес за сите нас“. На неколку места во градот активистите на Зелената коалиција поставиле кутии за донирање на парични средства од граѓаните на Велес за да можат да го платат судското вештачење во висина од 90 000 денари.[4]
Многу велешани ја подржале акцијата „Јас за мене за Велес за сите нас“ со донирање парични средства. Медиумски акцијата ја подржале голем број на новинари кои известувале за оваа хуманитарна акција. Митрополитот на Повардарската епархија Агатангел, донирал 3.000 денари и пред присутните граѓани ја благословил акцијата со зборовите: „Чувајте го Велес“.
Во Велес на 5 јуни дошле и Бубо Каров, продукцијата К-15. Хуман гест и поддршка дал и фудбалскиот селектор Мирсад Јонуз. Многу граѓани од другите градови од Македонија и иселеници донирале парични срества со телефонски јавувања.
Весна Шкортова од од фондацијата за локален развој и демократија „Фокус“ изјавила:
„Можевме да ги собереме парите преку фондации, но сакавме оваа поддршка да ја добиеме од граѓаните. Ова е доказ дека она што го работиме како „Зелена коалиција“ е став и на граѓаните. По овој ден никој повеќе нема да може да каже дека работиме самоиницијативно. Граѓаните докажаа дека ова е од нивен интерес и затоа им благодариме.
Ненад Коциќ од еколошкото друштво „Вила Зора“ за медиумите изјавил:„ Триесет години докажувавме дека топилница ни го загадува градот и околината. Сега тоа ќе докажеме и на суд. Време е државата, која три децении ги собираше парите од овој индустриски гигант, сега да ги врати преку чистење на почвата од тешките метали, кои загадувачот ни ги подари како единствено наследство. Освен загадувањето за Велес и плати за 1.000 вработени, топилница ништо друго не стори!“
Во оваа акција не се вклучила Општина Велес како главни тужители тие најавиле дека ќе платат само 12 000 денари за испитување на загадената почва.
Акцијата на Зелената коалиција со поддршка од велешани за собирање на потребните парични средства била многу успешна за само 12 часа успеале да ги соберат потребните 90 000 денари.
Зелените“ биле упорни во својата цел. Сметале дека добивањето на судскиот процес ќе биде сатисфакција за сите маки кои ги трпеле велешани од Топилницата.
Галерија
уреди-
Зелената коалиција во Велес со поддршка од гараѓаните
-
Транспаренти за поддршка на хуманитарната акција
-
Зелената коалиција во Велес
Надворешни врски
уреди- [https://time.mk/arhiva/?d1=01&m1=01&y1=1991&d2=31&m2=12&y2=2012&all=0&a1=1&fulltext=2&timeup=2&show=1&q=%D0%B7%D0%B5%D0%BB%D0%B5%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B2%D0%BE%20%D0%B0%D0%BA%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D1%80%D0%B0%D1%9A%D0%B5%201%20500%20%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0&read=10388eb221c5367
- https://daily.mk/what/263132/zelenata-koalicija-vo-akcija-za-sobiranje-1500-evra
- https://arhiva.veles.gov.mk/veles3/index.php/arhiva-nastani1/37-home/topilnica/2157-2012-08-13-09-16-04
Наводи
уреди- ↑ „Архива“. time.mk. Посетено на 2024-09-09.
- ↑ „Зошто Велес го изгуби судскиот спор против државата, во кој бараше чист воздух“. svedok.mk. 2023-06-11. Посетено на 2024-09-17.
- ↑ „Велес против државата“. Радио Слободна Европа. 2010-06-09. Посетено на 2024-09-09.
- ↑ „Архива“. time.mk. Посетено на 2024-09-09.