Субвенционирање
Субвенција е форма на финансиска помош или поддршка продолжена на економски сектор (или институција, бизнис, или на физичко лице) овој вид на финансиска поддршка вообичаено се дава за промовирање на економски и социјални цели.[1] Иако вообичаено претставува финансиска помош од страна на Владата , исто така терминот субвенција може и да се однесува и на поддршка како на пример и од страна НВО или иплицитни субвенции. Постојат повеќе видови на субвенции и тоа: Директни ( готовински грантови, безкаматен кредит ) и идиректни (даночни олеснувања, осигурување, нискокаматни кредити, амортизација, отписи, рабати на изнајмување).[2][3]
Покрај тоа субвенциите можат да бидат општи и поединечни, легални и нелегални , етички и неетички. Нај честа форма на субвенции се субвенции за потрошувач и субвенции за производител. Субвенциите наменети за производители и производство обезбедуваат поволности на производителите при учество на пазар за набавка, директна поддршка, или при плаќања на чинители на производството. [1][1] Субвенциите наменти за потрошувач/потрошувачка вообичаено влијаат врз намалување на цената на добра и услуги за потрошувачот. На пример, во САД во еден временски период било поевтино да купиш литар бензин отколку литар вода.[4]
Без разлика дали субвенциите влијаат позитивно или негативно нивното искористување е типично нормативна пресуда. Како форма на економнска интервенција, субвенциите се инхерентно спротивни на пазарните побарувања. Како и да е тие можат да бидат искористени како алат на политички и корпоративни протекции.
Видови на субвенции
уредиСубвенции за производство
уредиСубвенциите наменети за производство го охрабруваат добавувачот да го зголеми производството на одреден призвод со делумно надоместување на трошовите за производство или загуби.[5] Целта на субвенциите наменети за производство е да се зголеми производството на одреден производ, на начин кој ќе придонесе да се зголеми неговата промоција на пазарот, но без зголемување на крајната цена за потрошувачите. Овој вид на субвенција претежно се користи во развиените пазари.[1] Други примери на субвенции наменети за производство вклучуваат помош при формирање на фирми. (Шема на претпријатиски инвестиции), индустрија (индустриска политика) па дури и во развојот на одредени области (регионална политика). Субвенционирањето на призводството е критички дискутирано во рамки на литературата поради можност да предизивика дополнителни проблеми, вклучувајќи дополнителни трошови за чување на дополнително производство, депресивна цена на светскиот пазар, потик за зголемување на производство во однос на задоволување на побарувачката на пазарот, како на пример хиперпродукција на земјоделци во однос на негова земјишна носивост.
Потрошувач/субвенционирање на потрошувачка
уредиСубвенциите на потрошувачката се наменети за субвенционирање на однесувањето на потрошувачите. Овој вид на субвенционирање е најчесто се среќава во земјите во развој каде што владите ја субвенционираат потрошувачката на основни добра како што се храна, вода, електрична енергија и образование врз основа на тоа без разлика колко и да се сиромашни треба да им бидат обезбедени овиие најосновни потреби.[1] На пример, некои влади нудат 'Спас' цени на електрична енергија, при што секој прв пораст во месецот на електричната енергија е субвенциониоран.[1]
Субвенции за вработување
уредиСубвенциите за вработување служат какот потик за бизнисите да обезбедат повеќе работни можности со цел да се намали стапката на невработеност во земјата (субвенционирани примања) или за потик на истржувања и поголем развој.[5] Со овој вид на субвенционирање владата исто така овозоможува помош со исплата на платите. Друга форма на субвенционирано вработување се бенифициите од социјално осигурување, која овозможува лицата кои се корисници на овој вид бенифиција да имаат некој минимален стандард на живеење.
Даночни субвенции
уредиВладата може да создаде ист исход преку селективни даночни олеснувања на пример преку исплата на готовина.На пример, да претпоставиме дека владата исплаќа парична помош, која ги надоместува 15% од сите здравствени трошоци на група која плаќа 15% данок на доход. Таквото субвенционирање се постигнува со одбивање данок на здравство. Даночните субвенции, исто така, се познати како даночни трошоци. Даночните субвенции се еден од начините да се објасни зошто американскиот даночен код е толку комплицирано.[6]
Даночните олеснувања се многу честа форма на субвеционирање. Исто како и другите видови субвенции, и овој вид може да придонесе во изобличување на економијата; но даночните олеснувања се помалку транспарентни ,и тешко се враќаат.[7]
Надворешни чинители на животната средина
уредиКако и конвенционалните и формални субвенции, како што е наведено погоре, постојат огромен број на имплицитна субвенции главно во форма на животната средина екстерналии.[4] Овие субвенции вклучува сè што влијае, но не се пресметани и на тој начин се сметаат за надворешни. Тука се вклучуваат работи како што возачите кои ја загадуваат атмосферата без надоместување на сите, земјоделците кои користат пестициди кој може да ја загадуваат екосистеми повторно без надоместување на сите, или производство на електрична енергија во Велика Британија, што резултира во дополнителни [дожд [киселина]] во Скандинавија.[4][8] во овие примери загадувачот има корист, но не им се надоместува на оние кои се засегнати. Иако тие не се субвенции во форма на директна економска поддршка од владата, тие не се помалку економски, социјално и опасни за животната средина.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Myers, N.; Kent, J. (2001). Несоодветните субвенции: како даночните долари може да поткопаат на животната средина и стопанството. Washington, DC: Island Press. ISBN 1-55963-835-4.
- ↑ „Економски Речник на Колинс“. Посетено на 5/09/2013. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ Дали е тоа добра држава / Локална економска развојна зделка ? A Checklist (2014-06-03), Гол Капитализам
- ↑ 4,0 4,1 4,2 Myers, N. (1998). „Дигање на превезот за несоодветни субвенции“. Nature. 392 (6674): 327–328. doi:10.1038/32761.
- ↑ 5,0 5,1 Колинсов Речник
- ↑ Гејл, V.; Harris, B. (2007). „Даночни Упростувања:Зошто даноците се толку нкомплицирани ?“. Политика за даночни плаќања: Урбан Институт и Брукингс Институт. Архивирано од изворникот на 2015-05-25. Посетено на 2015-05-31.
- ↑ „Глава 3: Видови Субвенции“. Global Subsidies Initiative. IISD. Архивирано од изворникот на 2012-09-05. Посетено на 3 May 2015.
- ↑ Myers, N. (2008). „Perverse Priorities“ (PDF). IUCN Opinion Piece: 6–7. Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2015-05-31.