Структурно програмирање
Структурно програмирање — составување (пишување) на програми со користење на т.н. контролни структури за контрола на дејството на програмите и две техники на програмирање: програмирање одгоре надолу (top-down programming) и модуларно програмирање (modular programming). Со првата техника се врши разделување (расчленување) на задачата (проблемот) на поедноставни задачи-подзадачи, а со втората на модулите. Притоа, секој модул има точно одреден почеток и крај, како и ограничена должина. Секој модул реализира посебна функција. Модулите можат да се менуваат и да се тестираат независно еден од друг, а во програмата се повикуваат според зададен редослед.