Стојан Ристев Темјаноски

Стојан Ристев Темјаноски - македонски револуционер, деец на ВМОРО.

Животопис уреди

Стојан Ристев Темјаноски е роден во селото Велмеј. Тој бил верен деец на револуционерната организација. Учествувал во Илинденското востание во битолскиот вилает, во областа Дебрца. Бил соработник со најпознатите дејци од областа на Дебрца, како и со Ѓурчин Војвода и Петар Чаулев. Учествувал во битката во близина на селото Сошани, против отоманските сили.[1]

Наводи уреди

  1. . Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)