Пољички статут
Статутот на Пољица или Пољички Статут е најважниот историски извор за Република Пољица. Статутот ги одредувал законите на Пољица, кои, според својата форма, стил, содржина и основање на социјално-економските односи, се сосема различни од останатите хрватски статути.
Напишано е со кратки, живописни реченици кои вклучуваат норми од општеството на Пољица, од оние што се однесуваат на највисоките политички власти до оние што вклучуваат интереси на сите Пољичани. Освен законите напишани во овој статут, Статутот на Пољица исто така содржи различни одлуки и пресуди на власта кои, во неколку прилики, се однесуваат на поединци.
Статутот на Пољица се менувал со промените во општеството на Пољица. Уште една важна вредност на Статутот на Пољица е неговата архаична форма, која може да се користи за изучување на лугјето од Пољица и оние од Хрватска воопшто во времето кога бил формулиран. Типичните карактеристики на Статутот на Пољица се гаранции за слобода, но и прифаќање на одговорноста за заштита на Пољица.
Основни карактеристики
уредиСтатутот на Пољица е документ од непроценлива вредност. Освен за законски прашања, тој е корисен за изучување на историските, економските, политичките и други социјални односи во тоа време. Статутот на Пољица бил резултат на желбата на народот од Пољица за посилна независност од Кралството на Хрватска и Република Венеција. За тоа време, Статутот на Пољица покажал големо ниво на правен професионализам и свест на општеството.
Статутот на Пољица имал различни редакции. Сите редакции се случиле во критични моменти кога Републиката Пољица требало да го признае новиот владетел. Во времето на династијата Шубиќ, Пољичаните немале потреба од статут бидејќи имале заеднички интереси и цели. Првата редакција се случила во 1322 година кога биле напишани 18 членови кои се однесувале на Чарлс I од Унгарија, но тој не го прифатил статутот. Истото било потврдено и со писмо на кралица Елизабета од Полска во 1333 година, во кое се спомнал Статутот на Пољица.
Втората редакција во 1387 година била одобрена од кралот Твртко I од Босна. После тоа, од оваа редакција биле направени неколку варијанти. Во 1444 година, била направена трета редакција за новиот владетел, Републиката Венеција. Во 1485 година, била направена четвртата редакција. Оваа редакција имала многу промени и дополнувања и била создадена во времето на личната унија помеѓу Унгарија и Хрватска. Од сите овие редакции, може да се забележи дека некои нови закони биле создадени, некои се повторени, а некои биле расфрлани на различни места.
Законот на Пољица се базирал на колективни закони на Хрватска бил под влијание од црквени, феудални, римски и трговски закони. Во Статутот На Пољица, се направила чиста разлика помеѓу јавните и индивидуалните права. Јавните права се истакнати во односите помеѓу кметовитете и нивните господари и во невозможноста на граѓаните да бидат избрани за Таблата на Пољица (владата).
Статутот имал мало влијание врз граѓаните, бидејќи тие имале автономија во селата во своите окрузи, па преку своите селски кнезови, влијание врз изборот на нови кнезови, и скоро немало воопшто кметови. Законите за кметовите биле многу строги, и за некои прекршоци обичните граѓани биле престрого казнувани од благородниците. На пример, ако тие го проколнеле својот господар, му го одсечувале јазикот, а ако се осмелеле да дигнат раце против него, му се одсекувала десната рака.
Редакции
уредиНајраната редакција од Пољичкиот статут од 13 век е напишана на кирилица (Босанчица) под влијание на глаголицата.
Јазик
уредиЈазикот на редакциите е мешавина од постојано повлекување на чакавскиот дијалект и сè пораспространет шокавски дијалект и, имајќи предвид дека глаголитските свештеници придонесувале кон текстот, присутен е значителен број црковнословенизми. Во статутот и другите јавни и приватни документи од Пољица и писмото и јазикот се нарекуваат хрватски.
Поврзано
уреди- Република Пољица
Наводи
уреди- Laušić, Ante (1991). Postanak i razvitak Poljičke kneževine: (do kraja XV. stoljeća) [The inception and development of the Principality of Poljica (up to the end of the 15th century)] (хрватски). Split: Književni krug. ISBN 86-7397-082-2.