Спомен-куќа на НОБ (Горно Количани)

спомен-куќа на НОБ во селото Горно Количани

Спомен-куќа на НОБ — спомен-куќа во селото Горно Количани, Скопско. Таа била изградена врз темелите на старо училиште во кое за време на НОБ престојувала Дванаесеттата македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-куќата била откриена на 12 ноември 1978 година.[1]

Спомен-куќа меморијален музеј на НОВ
Поглед на куќата
Основан12 ноември 1978
МестоГорно Количани, Македонија
Типмеморијален музеј

Историска позадина уреди

Штабот на Дванаесеттата македонска ударна бригада работел во училишната зграда, каде се создавале оперативни планови за борбените акции, се организирале и се вршеле и многу други задачи. Ова било слободна територија, каде се веело знамето со петокрака ѕвезда. Во селото на 6 октомври 1944 година, кон борците од бригадата се придружиле припадниците на Четвртиот скопски одред. Тогаш пред училиштето во село Горно Количани биле построени 870 борци на бригадата.[2]

Наводи уреди

  1. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 34
  2. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 35