Староегипетски погребни обреди

Старите Египќани создале голем број погребни обичаи за кои верувале дека се неопходни за да се обезбеди бесмртност во задгробниот свет. Овие обреди вклучуваат мумификација, избор на волшебни магии и обезбедување гробови со сѐ што е потребно за животот во задгробниот свет.[1][2] Во тој процес се користеле древни обичаи развиени во текот на долго време, кои или биле отфрлени или пак прифатени. Сепак, многу важни елементи се задржани. Иако некои конкретни детали се менувале со текот на времето, елементите како што се подготовката на телото, волшебните обреди и снабдувањето гробници со неопходните работи сочинувале важен дел од погребниот обред.

Анубис ја подготвува мумијата за погреб

Наводи

уреди
  1. Wolfram Grajetzki. „Burial customs in Ancient Egypt“. www.digitalegypt.ucl.ac.uk. Архивирано од изворникот на 2014-10-15. Посетено на 2018-11-06. Занемарен непознатиот параметар |deadlink= (се препорачува |url-status=) (help)
  2. „Ancient Egyptian Mummies“. Архивирано од изворникот на 2012-03-22. Посетено на 2023-11-28.

Надворешни врски

уреди