Нема проверени преработки на оваа страница, што значи дека можеби не е проверено дали се придржува до стандардите.

СТАРИОТ ФЕНЕР

Под старите кули в меана една

песни мераклиски ечат,

тамбури свират  виолината плаче

боемите рани си лечат.

РЕФ.

Стариот фенер згаснува

се губи трепетниот сјај,

уморни и тамбурашите

свират,,Фајронт" за крај.


Карамфили бели црвени рози

продава младата дама,

заматен поглед...убавица млада

сонува тажна и сама.

РЕФ.

Стариот фенер згаснува

се губи трепетниот сјај,

уморни и тамбурашите

свират,,Фајронт" за крај.


Во мугра се капе езерото сино

последна тура се плаќа,

чашите горе и здравица една

за новиот ден што се раѓа.

РЕФ.

Стариот фенер згаснува

се губи трепетниот сјај,

уморни и тамбурашите

свират,,Фајронт" за крај.

---

Автор: Митко Колјушевски