Актива пондерирана според ризикот

Актива пондерирана според ризикот (Risk-Weighted Asset, RWA) — банкарски средства или вонбилансни ставки пондерирани според ризикот.[1] Овој вид на пресметка на вредноста на средствата се користи при пресметка на регулаторниот капитал или коефициентот на адекватност на капиталот (CAR) на финансиската институција. Во Базел I се објаснува зошто користењето на пристапот со пондерирање според ризикот е препорачлива методологија којашто банките треба да ја усвојат при пресметка на износот на капиталот и како причини се наведуваат следните: методологијата обезбедува полесен пристап за споредба на банките низ различни географски подрачја, вонбиланските ставки изложени на ризик може лесно да бидат вклучени во пресметките на адекватност на капиталот и банките не се заплашени од поседувањето на ликвидни средства со низок ризик.[2]

Различни класи на средства имаат различни пондери на ризикот. Пресметката на пондерите на ризикот зависи од тоа дали банката го имаат усвоено стандардизираниот или внатрешниот пристап заснован на рејтинг во Базел II.[3] На некои средства, како на пример задолжниците, им се припишува повисок ризик отколку на останатите, како на пример готовината или државните хартии од вредност. Со оглед на тоа што различни класи на средства имаат различна ризичност, пондерирањето на средствата според нивното ниво на ризик во прв ред ги прилагодува средствата коишто се помалку ризични со тоа што им овозможува на банките да го намалат износот на овие средства. Така на пример, државниот долг е пондерира со пондер којшто изнесува 0%,[4], што значи дека истиот се одзема од вкупните средства при пресметката на коефициентот на адекватност на капиталот.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. Moneyterms:Risk Weighted Assets
  2. BCBS:Basel I Accord
  3. „Question 4:Basel II questions and answers“. Архивирано од изворникот на 2011-12-14. Посетено на 2015-03-26.
  4. Investopedia:Basel I