Спомен-куќа на НОБ (Горно Количани)
спомен-куќа на НОБ во селото Горно Количани
Спомен-куќа на НОБ — спомен-куќа во селото Горно Количани, Скопско. Таа била изградена врз темелите на старо училиште во кое за време на НОБ престојувала Дванаесеттата македонска народноослободителна ударна бригада. Спомен-куќата била откриена на 12 ноември 1978 година.[1]
Поглед на куќата | |
Основан | 12 ноември 1978 |
---|---|
Место | Горно Количани, Македонија |
Тип | меморијален музеј |
Историска позадина
уредиШтабот на Дванаесеттата македонска ударна бригада работел во училишната зграда, каде се создавале оперативни планови за борбените акции, се организирале и се вршеле и многу други задачи. Ова било слободна територија, каде се веело знамето со петокрака ѕвезда. Во селото на 6 октомври 1944 година, кон борците од бригадата се придружиле припадниците на Четвртиот скопски одред. Тогаш пред училиштето во село Горно Количани биле построени 870 борци на бригадата.[2]